Реконструирана е улицата „Благоја Стефковски“ до кино „Маџари“

Фото: skopje.gov.mk

Реконструкција на улицата Благоја Стефковски

 [Извор: Официјална веб-страница на Град Скопје; Датум: април 2020г.]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пред неколку месеци на прес-конференција, најавувајќи градежна офанзива на градските сообраќајници, меѓу другото, вети  и реконструкција на улицата „Благоја Стефковски“ во наслебата Маџари. Ова негово ветување досега (25.09.2020) е делумно исполнето, завршена е  делницата од свртувањето кон улицата „Перо Наков“ до кино „Маџари“, во должина од околу 850 метри, што претставува втора фаза од реконструкцијата која се одвива во три фази.

Од Град Скопје информираа дека  вредноста на договорот за реконструкција на овој дел од улицата „Благоја Стефковски“ изнесува околу 13,4 милиони денари со пресметан ДДВ, а истата е завршена еден месец порано, односно пред  рокот предвиден за изведба – 60 дена. Според најавите на градските власти, во наредниот период е предвидено да биде реконструиран потегот од Кино „Маџари“ до пругата Скопје – Белград (трета фаза).

Реконструкцијата на споменатата делница  започна минатиот месец (27.08.2020).

Минатата година, во првата фаза, го реконструиравме потегот од Триангла до свртувањето кон улицата Перо Наков. По завршувањето на втората фаза ќе започнеме со реализација и на третата фаза од реконструкцијата на оваа улица која е предвидено да биде на потегот од Кино „Маџари“ до пругата Скопје – Белград, со што главната улица која ги поврзува населбите Маџари и Ченто ќе биде целосно реконструирана –  изјави градоначалникот Петре Шилегов на стартот на градежните работи.

Информација и фотографии за реконструкцијата на улицата „Благоја Стевковски“ се објавени на  веб-страницата на Град Скопје и во повеќе медиуми.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција