Реконструирана е улицата „Никола Карев“ кај Железничка

Реконструкција на улицата Никола Карев, од раскрсницата со булевар Трета македонска бригада до раскрсницата со булевар Кузман Јосифовски – Питу

[Извор: Официјална веб-страница на Град Скопје; Датум: април 2020г.]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов,  на прес-конференција во април минатата година (2020), најавувајќи градежна офанзива на градските сообраќајници, меѓу другото, вети  и реконструкција на улицата „Никола Карев“ кај Железничката станица во Скопје. Ова негово ветување е  исполнето, реконструцијата на споменатата сообраќајница  е завршена   во  октомври (2020).

Реконструкцијата на улицата „Никола Карев“ стартуваше во септември и го опфати  потегот од крстосницата со улицата „Трета македонска бригада“ до булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, во должина од 510 метри.

Фото: skopje.gov.mk

Градежните работи на споменатата делница завршија во средниата на октомври. Од Град Скопје соопштија  дека со реконструкцијата е целосно обновен асфалтот на улицата, направена е нивелација на сливниците и атмосферските шахти, како и замена на оштетените рабници. Од четирите постојни сообраќајни ленти  на улицата „Никола Карев“ сега се направени три со што е обезбеден простор за велосипедистите.

Фото: skopje.gov.mk

Информација и фотографии за завршувањето на реконструкцијата на оваа сообраќајница се објавени на  официјалната  веб-страница на Град Скопје  и во повеќе во медиуми.

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција