Реновирано е училиштето „25 Мај“ во населбата Ченто

ОУ „25 Мај“доби нова фасада, прозорци и покрив Фото: Колаж , веб-страница на Општина Гази Баба

Реновирање, односно реконструкција на прозорци и на покривот во ОУ „25 Мај“. (Рок: септември 2015 година)

Санација на ѕидот и на фасадата на стариот објект на „25 Мај“. (Рок: 2015 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот за реновирање на ОУ „25 Мај“   е исполнето ветување на градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, дадено во неговата изборна Програма  за локалните избори во 2013 година: „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Гази Баба“ (стр.24)

Во септември 2014 година медиумите информираа дека е направена целосна реконструкција  на училиштето.

Основното училиште „25 Мај“ во населбата Ченто, Општина Гази Баба, е целосно реконструирано со 25 милиони денари, инвестиција на Министерството за образование и наука и со учество на општината и вклученост на родителите и месните заедници. 

Променет е покривот, има нова фасада, прозорци и под, со што е направен енергетски ефикасен објект. По 1963 година, кога била изградена, ова е прва градежна интервенција на училишната зграда

Во Отчетот на градоначалникот Трајковски за сработеното во четиригодишниот мандат (2013 – 2017) е наведено дека во ова училиште, меѓу другото, е направена

  • Замена на прозорците со енергетско ефикасни прозори (2013 – 2014)
  • Реконструкција на целиот покрив на училиштето (2014)
  • Молерофарбарски работи (2014)

Исто така, во споменатиот Отчет на Трајковски се објавени фотографии од кои се гледа дека  ОУ „25 Мај“ има нова фасада и прозорци, како и дека е заменет кровот.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција