Рецензии: Ги демнат ли нашите деца секти?

Gi-demnat-li-nasite-deca-sekti-09876-098-crop-resize

Прилогот почнува со констатација дека никој од надлежните не може да потврди дека секти постојат, ниту дека некои лица кај нас извршиле самоубиство или кренале рака на себе заради тоа што биле дел од некаква секта? Но, се вели во прилогот, родителите сепак треба да внимаваат – тие постојат во другите делови од земјината топка, особено во Европа(!) Во основа, имаме обработка на тема која нема јасен мотив или оправдување, а особено повод за користење наслов кој навистина – во вакви околности – служи за заплашување, кое е извлечено во сферата на хипотетичкото „ако“, а не на реални факти од животот.

Gi-demnat-li-nasite-deca-sekti-09876-098Линк до оригиналниот напис: Ги демнат ли нашите деца секти?

Датум и време на објавување: 16.11.2014 16:09

Датум на рецензирање: 20.11.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Во Америка, а особено Јужна, се повеќе приврзеници отстапуваат од сопствената религија. Како моден тренд или како рaзочараност од сопствената религија… Канал 5 го праша социологот Татјана Стојановска Иванова каков е профилот на луѓето кои наседнуваат и паѓаат во канџите на сектите? Според Стојановска-Иванова тоа се помлади луѓе кои најчесто имаат проблеми со економската состојба. Под секташко влијание најчесто потпаѓаат и лицата лишени од позитивни емоции.“

Ова прашање нашите медиуми го третираат периодично, како начин да привлечат внимание и таквите прилози си се „поттурнуваат“ еден со друг, кревајќи прав, а без потреба да се проверат фактите околу таа појава. И кога се прави тоа, се тргнува погледот подалеку од ова поднебје и одново магливите сознанија се извор на веста, која, потоа, сама за себе, станува извор (!) за понатамошно ширење на паниката, како што е случај и со моментно доста посетуваната вест во дневен весник, која, се чини, одново ја отвора без повод Пандорината кутија за сектите. Или, исто така, неодамна и тука се повторува ситуацијата на „голем чад без оган“. Исто како и во овој прилог. Не постои ниту еден пример кој би го оправдал користењето на зборовите „Македонија“, „тука“ и слично, кои се користат за лоцирање на злото.

Голем проблем кај авторите на вакви тесктови е што не се проверува користењето на термините. Не е исто секта и религиска задница (дел од оние кои се споменуваат во прилозите се, на пример, и уредно регистрирани). Имено, според современите толкувања, овие групи не се оценуваат според ритуалите на изразување на своите верувања, туку според начинот на примање нови членови во неа, што, секако, во целиот тој калеидоскоп на споменувани кај нас „таинствени“ групи, може да важи, на пример, за „Црна ружа“, чие постоење, сепак, не е докажано. Во светот постои голема дилема дали тоа важи и за саентологијата (тука се користи терминот сиентологија), апострофирана во прилогот, бидејќи, истата во некои земји е сметана за секта (Франција), а некаде, како во САД, е регистрирана како црква. Во прилогот на тоа именување на организации мора да се внимава бидејќи се прават релации меѓу категории кои не се оправдани. Во прилогот се користи и терминот „својата религија“, при што се поаѓа од застарено сфаќање дека некој се раѓа од своја религија (!), па има „застранување“, а не дека за религијата може да одлучи поединец кога ќе стане деловно способен и по доброволна определба.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција