Рецензии: За порталите на СОРОС симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да бидат родители

Kurir-Plusinfo-09876-098-crop-resize

 

Речиси еднонеделното бомбарадирање на читателите и на гледачите со изјави на родители со кои тие бараат прекин на штрајкот на СОНК од голем дел медиуми во земјава, имаше и свое „крешчендо“ со атак врз медиумите кои оправдано реагираа во спротивна насока – како родителите, макар и со партиски книшки на „вистинската партија“, можат да оспоруваат легитимно право на прекин на работа. Впрочем, некои медиуми на овој настан му пријдоа со потребната широчина и со изобилство на информации на сите засегнати страни, што во случајот со овој напис е далеку од поставена цел.

Kurir-Plusinfo-09876-098Линк до оригиналниот напис: За порталите на СОРОС симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да бидат родители

Датум и време на објавување: 27.01.2015

Датум на рецензирање: 31.01.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Порталот Плусинфо раководен од Бранко Геровски и А1он раководен од поранешниот новинар на А1 и неформален портпарол на Љубе Бошковски, Предраг Петровиќ сакаат да го девалвираат револтот на група родители од Куманово кои не се согласуваат со штрајкот во училиштата во кои учат нивните деца.“

Овој цитат е типичен пример како се пишува за наводните реакции на родителите, децата и за прекинот на наставата, ако е тоа тема на веста. Уште во првите реченици добиваме „карактеризација“ на изворите на информирање – чии биле, кој ги основал, кој ги водел, како тие луѓе можат да мислат… Тоа е една влезна петарда (спинување на јавноста со редакциски коментар) по која (конечно) ве воведуваат во темата и тврдат дека е сосема во ред што родителите бараат нивните деца „да не заостануваат од наставата“. Притоа, никој од нив, па и известувачот во овој текст не ги прашува тие родители зошто не притискаат на другата страна – зошто вината не е во Министерството за образование и наука (МОН), на пример, кое штрајкувачите не ги ни гледа? Кој тука не седнува на преговарачка маса? Дури и нема најава за тоа дали МОН воопшто мисли да почне да ги разрешува проблемите. Како родителите, според овој напис, никако да се сетат на државата како социјален партнер и како – ако ништо друго – таа не е соодговорна за состојбите во образованието?

Впрочем, одговорен медиум треба да спомене дека конфликтот настана на почетокот од учебната година (крајот на август), кога токму денешните штрајкувачи ѝ дадоа рок на власта од половина година, при што, настава ќе има (и ја имаше цело полугодие), ама мора да се водат постојани преговори. И дали министерот влезе во преговори? Не, го протолкува тоа како слабост на штрајкувачите и сѐ си одеше по старо – образование има, преговори нема..

Проблемот со родителите на децата кои не сакаат да седат дома е, значи, во еден вид на информационен дефект во пристапот, за кој, ако веќе вина имаат „соросовите медиуми“, можат да ги подучат другите медиуми, кои и онака се во мнозинство. Или тие немаат влијание? Работата ќе биде во тоа што тие до вчера велеа дека штрајк нема, тој не е успешен и настава си има! Еве и една таква вест од 30 јануари. Нели е чудно што родителите се загрижени за штајк кој и не постои? Еве уште една илустрација во таа насока.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција