Рецензија: Ако знаат што работам, децата ќе ме мразат

Novamakedonija_com_mk_NewsDetal_asp_vest12181381475id9prilog0setIzdanie23055-crop-resize

На прв поглед Маја изгледа како да работи во фирма или, пак, во државна администрација. Насмеана ме пречекува во елегантен црн фустан, ненападно нашминкана, во отмени црни потпетици. Седнуваме да поразговараме за нејзиниот живот, за нејзината приказна. Маја е триесет и деветгодишна сопруга и мајка. Но таа исто така е и сексуална работничка“

Ова е воведот на текстот  со наслов „Ако знаат што работам, децата ќе ме мразат“,  во кој е пренесена приказната на една сексуална работничка.  Всушност, на читателите им е претставено истражување кое третира  едно чувствително прашање, прилично стигматизирано во нашето општество. Четивото  е обемено, но е читливо и претставува убав пример на солидно обработена тема . Во написот се презентирани и стручни мислења од социолошки аспект, а  исто така, е даден и приказ  на законскиот третман на проституцијата кај нас,  во соседството и во европските држави.

FireShot Screen Capture #136 - 'Ако знаат што работам, децата ќе ме мразат - Нова Македонија' - www_novamakedonija_com_mk_NewsDetal_asp_vest=12181381475&id=9&prilog=0&setIzdanie=23055Линк до оригиналниот напис: Ако знаат што работам, децата ќе ме мразат

Датум и време на објавување:  18.12.2013

Датум на рецензирање: 19.12.2013

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Начинот на кој е конципирана и напишана оваа истражувачка сторија не остава простор за сомнеж во нејзината вистинитост.

Извори на информации: Материјалот е автентичен,  се темели на раскажувањето на една сексулана работничка, на која од разбирливи причини не ѝ се открива идентитетот. Покрај тоа, се користат изјави на аналитичари и се посочува  на постојната законска регулатива, а истовремено се потсетува и на иницијативите за легализација на проституцијата.

Содржајност: Авторот со една фина нарација и консултирање на релевантни соговорници успеал да и даде целовитост на темата. Исто така, текстот има добра структура и е разбиен со меѓунаслови. Во четивото одлично се вклопуваат и трите рамки насловени како:

„Скопје некогаш имало 23 јавни куќи“

„Имаат и свој манифест“

„Шведскиот премиер Рејнфелд: Клинетите на проститутките да одат во затвор“

Пристрасност: Во текстот не може да се забележи  наклонетост, туку реално претставување на проблемите со кои се соочуваат претставниците на оваа маргинализирана група.

Оригиналност/Плагијат: Материјалот  што го рецензираме е оригинално авторско дело, дипломска работа на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

Коментирање: Коментаторските елементи се користени одмерено, повеќе како констатации и наративен дел при пренесувањето на изјавите на соговорниците.

Квалитет на насловот: Насловот навестува каква приказна ќе се расплетува во текстот и е во добра композција со поднасловот.

Фотографија:  За текстот е искористена фотографија од Маршот со црвени чадори во Скопје, како и илустрации од  бронзената  статуа  во  Амстердам, посветена на жените кои се занимаваат со проституција.

Заклучок:  Интересен материјал со добар приод и содржина, пишуван во лесен и разбирлив стил. Тајмингот во кој е објавен се совпаѓа со Меѓународниот ден за СТОП на насилството – 17 декември, кога  на потегот од  улицата Македонија до плоштадот „Карпошово востание“, минаа стриптизети,  хот-лајн оператори, ескорт – дами, масери,  транссексуалци, активисти за човекови права, носејќи црвени чадори и торби на кои пишува „права, а не насилство“. Што, се чини, дека е полн погодок.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција