Рецензија: Акција „Јустиција“- Уапсени 14 судии за проневера на 1,3 милиони евра
Новинарот мора да води сметка за терминологијата кога опишува некој настан, доколку сака тоа верно да ѝ го претстави на публиката. Во овој случај целиот настан и веста за апсењето на 25 лица од Судот за прекршоци е пренесена коректно повикуваќи се на изјавата на министерката за внатрешни работи. Но, проблемот е во насловот каде е употребен погрешен термин за кривичното дело за кое судиите и нивните соработници се осомничени дека го направиле во периодот од 2012 до 2013 година.
Линк до оригиналниот напис: Акција „Јустиција“- Уапсени 14 судии за проневера на 1,3 милиони евра
Датум и време на објавување: 08.10.2014 17:31
Датум на рецензирање: 12.10.2014
Рецензент: Александар Писарев
ПРОНЕВЕРА И НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ НЕ Е ИСТО
Насловот со кој е најавен текстот го наведува читателот на погрешно мислење за стореното кривично дело: „Акција „јустиција“- Уапсени 14 судии за проневера на 1,3 милиони евра“.
Според правно толкување на зборот проневера означува: „Кривично дело кое се состои во противправно присвојување на пари, хартии од вредност или подвижни предмети кои му се доверени на некое лице при обавување на служба“.
Во овој случај осомничените противправно, со своето несовесно работење ѝ направиле штета на државата во вредносст од 1,3 милиони евра. Значи, во насловот е обајавено нешто што не е вистина. Тие ниту проневериле, ниту се обвинети за проневера на 1,3 милиони евра.
Во текстот се работи за намерно или случајно извртување на факти во насловот што на целата информација ѝ дава сосема друга содржина дека „Уапсени 14 судии проневериле 1,3 милиони евра“ . За да се оквалифукува делото за кое се осомничени како „проневера“, требало парите да ги стават во џеп. Тоа, како што се гледа понатму во текстот, не го сториле, туку „се осомничени за несовесно работење со што ја оштетилое државата за повеке од 1,3 милиони евра“. Да е така најавено во насловот, веста не би изгубила ништо од својата ексклузивност, а читателите би добиле точна информација.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар