Рецензија: Анкета на Журнал: Има дискриминација врз албанските медиуми

Zhurnal-_-Ka-diskriminim-ndaj-mediave-shqipe-crop-resize

„За една недела, од читателите е побарано да одговорат на прашањето: Дали македонската влада ги дискриминира албанските медиуми? Апсолутното мнозинство, вкупно 1.202 гласови се изјасниле дека постои таква дискриминација во медиумскиот пазар во земјата.

„Во меѓувреме, привремено беше затворен и дневниот весник Журнал Плус во знак на протест за дискриминацијата за доделувањето на владините реклами и други неправилности.

Иако главниот мотив на овој напис и порано, одвреме-навреме, бил предмет на интерес, при што можеби е откриена или не „дискриминација на албанските медиуми“, пристапот по ова прашање овде несомнено е придружен со голема доза на застранување во однос на новинарските стандарди.

Сензационализмот се дефинира како еднострано и контраверзно известување со склоност за преувеличување на одредени настани. Во Прирачникот за етика во новинарство, издаден од Здружението на новинарите на Македонија, во една од точките се вели:

“Вестите треба да бидат комплетни и пропорционални.

Настојувањето вестите да бидат пропорционални во однос на нивното значење е, исто така, во основата на трагањето по вистината. Новинарството е како картографијата: тоа создава мапи кои на граѓаните им помагаат успешно да се снаоѓаат во општествените системи. „Дувањето” на настаните заради сензационализам, потценувањето на другите извори, стереотипизирањето и несоодветниот негативен став, не создаваат веродостојни мапи.„

Zhurnal _ Ka diskriminim ndaj mediave shqipeЛинк до оригиналниот напис: Анкета на Журнал: Има дискриминација врз албанските медиуми 

Датум и време на објавување: 18.10.2013

Датум на рецензирање: 20.10.2013

Рецензент: Гент Мехмети

Вистинитост: Написот се повикува на анкетата направена од вработени во самиот медиум и резултатите што произлегуваат од неа – практика која во суштина не претставува релевантен факт, а уште помалку може да се смета како една вистина која би го легитимирала критичкиот став на медиумот. Имено, анкетата што е спроведена по електронски пат, и воедно менаџирана од самиот медиум, остава малку простор за да биде сметана како веродостојна. Имајќи го предвид и последниот пасус, каде се нагласува и необјавувањето на печатената верзија на „Журнал ПЛУС“ како дополнителен аргумент за написот, се појавува сомнеж за некаков реваншизам што хипотетички е насочен кон владата.

Во овој пасус дури се вели дека „Журнал ПЛУС“ е затворен во „знак на протест“, а за волја на вистината, во писменото известување испратено од овој весник во септември, беше наведено дека затворањето на весникот е резултат на недостаток од финансиски средства, кои што не им биле исплатени од владата.

Извори на информацииНесомнено, кон изворот на информации треба да се однесуваме со посебно внимание, правејќи притоа внимателен избор на она што се пласира како столб на информацијата. За жал, таквата практика речиси да не постои во овој напис. Оттука, откривајќи ја употребата на сомнителни извори, може да заклучиме дека написот не ги исполнува основните критериуми.

Содржајност: Teкстот се повикува на сомнителни извори, а од друга страна има голема тенденција да создаде медиумски сензационализам. И покрај хипотетичката веродостојност што оваа информација може да ја содржи, сосема е неприфатливо да се лиферуваат заклучоци во тој дух. Во суштина, содржината на текстот е една кревка тема што во себе вклучува битка во рамките на етничката припадност, што во принцип има огромни капацитети за тенденциозни пораки.

ПристрасностПристрасноста во оваа информација може да се констатира во телото на текстот, а особено во последниот пасус, кој што реално остава простор да биде сметан како пропагандистички спин, или, најмалку, како метод за пресметка со „пријателките од минатото“.

Оригиналност/Плагијат: Што се однесува до оригиналноста, се чини дека текстот нема некој посебен проблем во овој поглед. Не забележувајќи елементи на плагијат, може да заклучиме дека, и покрај останатите недостатоци, ова е еден автентичен напис.

Квалитет на насловот: Насловот коректно ја отсликува содржината на текстот.

Фотографија: Фотографијата во овој случај е единствениот аргумент.

Заклучок: Според сите принципи на модерното новинарство, било да е тоа и од „постмодерното“ дигитално време, овој текст не успева да се наметне како сериозен новинарски прилог. Првично, ова е заради тоа што се заобиколуваат основните принципи кои се точно определени, како во новинарската теорија, така и во Кодексот на новинарите на Македонија (и пошироко). 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција