Рецензија: ЧУДО ВО КРУШЕВО: Како мажот израдувал туѓа вдовица!

ЧУДО-ВО-КРУШЕВО-Како-мажот-израдувал-туѓа-вдовица-Фаланга-crop-resize

 

Еден виц, кој сигурно многумина го слушнале и го знаат, е претставен како новинарски текст. Она што е најинтересно и што сигурно привлекува читаност, е што дејството на овој виц e сместено во Крушево и тоа е ставено во насловот со зголемени букви за да изгледа што попривлечно и посензационално. „Уште една глупост. Зеле виц и го претставиле како вест“ – е дел од коментарот на нашиот читател кој го предложи текстов за рецензија.

ЧУДО ВО КРУШЕВО  Како мажот израдувал туѓа вдовица    ФалангаЛинкуван наслов на анализираниот напис: ЧУДО ВО КРУШЕВО: Како мажот израдувал туѓа вдовица!

Датум и време на објавување: 28.12.2014

Датум на рецензирање: 02.01.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Новинарски напис кој спаѓа во групата на информативни жанрови треба да се темели на факти за да ја оправда својата основна намена – да го информира читателот. Тие факти мора да бидат точни и веродостојни. Вистинитоста на овој напис не може да се утврди од причина што во него нема никакви факти и извори. Овој напис е чист пример за сензационалност и за манипулација. Новинарот од виц направил текст и за да изгледа што поверодостоен и актуелен, неговото дејство го сместил токму во Крушево за време на новогодишните празници.

И во случај напишаното да не е виц, повторно не може да се утврди веродостојноста на текстот. Нема изјави од очевидци ниту, пак, конкретни информации кои се луѓето за кои се пишува во текстот. Спомнато е дека настанот се случил во Крушево, но не е нагласено конкретно каде, во кој хотел бил сместен мажот што го испратил спорниот е-мејл и која е жената која се шокирала од напишаното.

Задача на новинарот е да објавува точни и проверени информации кои се од инетерес за читателите. Многу подобро би било кога овој таканаречен текст, би се сместил во рубриката „Забава“, наместо во рубриката „Македонија“ и би се пренел во неговата оригинална форма, без сензации во насловот. Тогаш сигурно читателот би се насмеал и расположил, а не би се довел во ситуација да биде изманипулиран.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција