Рецензија: Дали Пендаровски бара да се свитка кичмата за името како неговиот партиски лидер Заев?

ijj-0987-098-00-crop-resize

На самиот старт на овој исклучително пристрасен текст се тврди дека Пендаровски се залага за „личен консензус“ што е неточно пренесување на фактите. Од видео материјалот кој е составен дел од овој медиумски производ може да се слушне дека Пендаровски се залага за државен консензус. Покрај тоа, формулацијата „личен консензус“ е нелогична и не значи ништо.

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски не го открива својот став за прашањето за името, туку истакнува дека единствено се залагал за личен консензус и државен статус.

ijjЛинк до оригиналниот напис: Дали Пендаровски бара да се свитка кичмата за името како неговиот партиски лидер Заев?

Датум и време на објавување: 09.04.2014, 18:03

Датум на рецензирање: 12:04

Рецензент: Мирослава Бурнс

Во врска со насловот во кој се тврди дека партиски лидер на Пендаровски е Заев, важно е да се напомене дека ова не е вистина. Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во повеќе наврати посочува дека никогаш немал книшка од ниедна партија. Следствено, Заев не може да му биде партиски лидер на Пендаровски. Во врска со ставот за името, не е точно дека тој не го открива, бидејќи државниот консензус налага дека Пендаровски не може самиот да одлучува за името.

Во текстот претежно се коментира изјава на начин кој не соодветствува целосно со вистината, а притоа се нафрлени и низа неточни информации, селективно се фрагментираат податоци во функција на пристрасност кон еден од кандидатите, а за сметка на поврзување со грчките позиции на другиот кандидат. Ова се прави врз основа на коментирање и спинување, со фрејминг и со формулации кои навидум се општа вистина и не мора да се проверуваат, но ако се проверат се доаѓа до заклучок дека не се вистинити. На пример:

На ваквите негови изјави се надоврзуваат и грчките медиуми кои веќе објавија дека Пендаровски и СДСМ се посакуван партнер за разговорите за името.

Од погоренаведениот цитат, не е јасно кои грчки медиуми, не е јасен контекстот на наводните нивни објави, не е јасно дали тоа го сториле во информативен жанр или во мислење и колумна на поединци новинари итн. Едноставно, читателот не може да дојде до целосната вистина за тоа зошто е Пендаровски флексибилен. Не е прецизно кажано дека тоа не е официјален став на Грција. Напротив, се прави обид да се претстави како официјален став на Грција.

Од аспект на пристрасност, овој медиумски производ изобилува со формулации кои директно поставуваат еден од кандидатите во надредена позиција.

Наспроти нејасниот и неискажан став на Пендаровски, актуелниот и кандидат за втор претседателски мандат Ѓорге Иванов излезе со прецизен став по прашањето за името истакнувајќи дека за било кое решение ќе одлучуваат граѓаните на референдум.

Во насловот на овој мултимедијален производ се прави обид да се наведе читателот на впечаток дека едниот од кандидатите не е со цврсти позиции во врска со името, а дека ако победи другиот кандидат тогаш името на Македонија ќе биде безбедно. Ова се прави за чувствителна тема, без аргументи и неверодостојно.

Сѐ на сѐ, не е испочитувано начелото дека известувањето од изборите треба да биде избалансирано и непристрасно како што налага новинарскиот кодекс во членот 14:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција