Рецензија: Дебакл на митингот на СДСМ во Прилеп – се бараат виновници

25-0987-00998877-crop-resize

Не планирам многу простор да му доделам на ова текстчуле, а Вам како читатели многу време да ви одземам. Сепак, задачата треба да се заврши, а верувајте нема многу да трае. Зошто, ќе прашате? – Зашто сѐ е една едноставно невистина!

2Линк до оригиналниот напис: Дебакл на митингот на СДСМ во Прилеп – се бараат виновници

Датум и време на објавување: 09.04.2014, 22:02

Датум на рецензирање: 10.04.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

КАКО ОДЕШЕ ПЕСНАТА „ЛАЖИ ЛАЖИ….“ 

Ако некој сакал да ја замае публиката со две реченици и една „фотка“ очигледно направена пред почетокот на митингот на опозицијата во Прилеп, јас ќе потрошам само една реченица за да го оценам „ваквото дело“:

вистинитост – лага,

извори на информации – оди најди ги,

содржајност – нема,

пристрасност – премногу,

оригиналност – никаква,

наслов – лош,

фотографија – спин,

заклучок – нула.

А, за да не ме оценат за тенденциозен и неаргументиран, ќе ве упатам на неколку други кредибилни извори на информации кои сликовито ќе Ви покажат што се случувало на митингот на опозицијата во Прилеп.

При очи некој јавноста ја прави слепа. Резил „новинарски“!

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција