Рецензија: Девојка едвај спаси жива глава од кучиња

Девојка едвај спаси жива глава од кучиња Вечер-crop-resize

 

Читајќи го овој напис, читателот лесно може да се доведе во заблуда дали текстот е резултат на гледање некој игран филм, сон или, пак, случката пренесена во него навистина се случила. Текстот не го задоволува минималното ниво на сеопфатност, во него нема никакви извори, што го прави неверодостоен и може да се оцени како класична детска приказна.

Девојка едвај спаси жива глава од кучиња ВечерНаслов на анализираниот напис: Девојка едвај спаси жива глава од кучиња

Датум и време на објавување: 21.12.2014, 08:27

Датум на рецензирање: 23.12.2014

Рецензент: Ана Анастасовска

„Рано утринава окoлу 06 часот и 15 минути на булеварот „Трета Македонска Бригада“ била нападната девојка на возраст од 21 година од три кучиња скитници.“

Ова се единствените факти наведени во текстот, што не е доволно за да се утврди нивната точност. Задача на новинарот е кога ќе дојде до некоја информација, истата да ја провери, а потоа да дојде и до повеќе детали, како што тоа е сторено овде, од каде претпоставуваме и дека е преземена веста.

Можеби некој слушнал или прочитал дека некоја девојка била нападната од кучиња во скопската населба Аеродром, но никој не се потрудил да ја пронајде девојката, да земе нејзина изјава или, пак, за случката да добие потврда од МВР доколку била пријавена, или од друг официјален орган или лице. Тоа го прави написот.

Кога веќе не е вложен труд да се дојде до повеќе детали поврзани со случката, можело едноставно да стави линк до оригиналната верзија на овој текст и на тој начин написот ќе се направел поверодостоен. Така, од една страна, ќе се оправдала мрзеливоста, а од друга, ќе се задоволела желбата на читателот за информираност.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција