Рецензија: Другарот Заев не сакал власт, сакал слободен избор?!

07072014-Vecer-Zaev-crop-resize

Како да се упропасти новинарски извештај во три чекори? Прв чекор: ставаш во наднасловот прашање како теза. Втор чекор: ставаш наслов кој иронизира и дополнително прашува. Трет чекор: Го отвораш текстот со коментари и пристрасни констатации со кои се нафрлаш врз носителот на темата на новинарскиот извештај и – си завршил работа.

Сѐ што потоа следува е врамено во овие први три чекори. Тоа во пропагандата се нарекува фрејмување – кога авторот ја определува рамката на текстот во која „влегува“ содржина која е определена од таа рамка.

Тоа, накусо е случајот со текстот што го рецензираме.

07072014-Vecer-ZaevЛинк до оригиналниот напис: Другарот Заев не сакал власт, сакал слободен избор?!

Датум и време на објавување: 04.07.2014

Датум на рецензирање: 07.07.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Инаку, потоа, телото на извештајот ги содржи сите потребни елементи: бекграунд, парафрази, атрибуција, односно припишување на делови на текст или цитати на соодветни актери во сторијата, описи… Но, сето тоа е веќе фрејмувано од насловницата и воведните елементи на сторијата и тој јазик и тон на коментирање и пристрасност превладува во целиот текст.

Згора на сѐ, односно, да бидеме попрецизни, најдолу на текстот е додадено парче од коминикето на ривалската и владејачка партија со која се затвора рамката со канонада, сосема прилежна на партиски говор и комуникација, но сосема несоодветна како професионална новинарска постапка која го крши правилото на дистанца од политичките субјекти, како што наведува членот 14 од Кодексот на новинарите.

„Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“

Во овој случај, однапред поставената рамка на содржината на текстот ја укинала дистанцата и читаме пристрасен текст.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција