Рецензија: (ФОТО) Барокот на владината зграда се покажа во целост

НОВА-ФОТО_-Барокот-на-владината-зграда-се-покажа-_-http___novatv.mk_index-crop-resize

 

Написот што е предмет на оваа рецензија преку четири фотографии им го претставува на читателите новиот барокен лик на седиштето на Владата – зградата на некогашната „Це- Ка“. Но, при пласирањето на оваа куса фотосторија се направени одредени пропусти, кои одат во прилог на владиниот спин дека граѓаните одбрале неокласичен изглед за „коцките“ на Илинденска.

НОВА (ФОТО)_ Барокот на владината зграда се покажа _ - http___novatv.mk_index.phpЛинк до оригиналниот напис: (ФОТО)Барокот на владината зграда се покажа во целост

Датум и време на објавување: 27.12.2014, 13:02

Датум на рецензирање: 31.12.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

А КОЛКУ ЧИНИ ФАСАДАТА?

Написот информира за тоа дека „блеснала“ барокната фасада на владината зграда, на која сега има столбови во дорски и во јонски стил во бела боја. Веста не е спорна, таа е поткрепена со неколку фотографии од кои може да се види дека се тргнати  скелињата и најлоните (освен на еден дел), како и тоа дека во дворот на Владата се поставуваат канделабри.  Овој – прв дел од информацијата, е сосема коректен, особено, фотографиите. И, иако немаат авторски потпис, всушност, тие го „вадат“ целиот текст, бидејќи го „зграпчиле“ мигот  кога се открива новата фасада.

Меѓутоа, проблематичен е вториот дел од  написот, во кој се потсетува колку чини пректот „Скопје 2014“ (околу 207 милиони евра, а само спомениците 55 милиони евра), како и на владината анкета за избор на идејно решение за фасадата на зградата на Илинденска. Имено, иако  оваа фотовест го задоволува минимумот сеопфатност, сепак, со оглед на тоа што таа се однесува на новата фасада, можело да се спомене колку пари се потрошиле за неа. Податок што беше објавен на почетокот од септември (2014 г.) во повеќе медиуми, вклучувајќи го и овој портал.

„За промената на надворешниот изглед на седиштето на македонската влада досега се потрошија речиси 12 милиони евра, и тоа без вкалкулираната сума од денеска распишаниот тендер.“  (06.09.2014)

Па, доколку се покажела само малку поголема амбиција при обработката на материјалот, не било тешко да се потсети и да се линкува таа информација.

 

НА ЛИНИЈА НА ВЛАДИНИОТ СПИН

Во текстот е особено дискутабилна последната реченица:

„Во изборот на новиот надворешен изглед на владиниот објект се вклучија и граѓаните преку јавна анкета која беше поставена на владиниот интернет – портал.“

Таа дава призвук на транспарентност на власта и на еден посуптилен начин  ја претставува како власт која го слуша и го уважува мислењето на граѓаните.

Но, дали анкетата беше навистина репрезентативна?

Ова интернет-гласање од владината веб-страница предизвика реакции во јавноста за манипулации и за инструментализирање. Анкетата наиде на критики поради немање професионална заштита (еден човек можеше да гласа повеќепати), како и обвинувања дека „победничкото“  – барокно решение добило голем број гласови во период од пет часа кога гласањето било затворено. За  самата издржаноста на анкета е битно и тоа што во неа немаше опција да остане старото решение на архитектот Петар Муличковски.

Исто така, во написот можело барем во една реченица да се потсети дека Муличковски, како автор на оригиналниот архитектонски труд за оваа зграда, не даде согласност за промена на нејзината фасада. Особено, што овој видеопортал со него има интервју  на истата тема.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција