Рецензија: ФОТО: Ова е убиената медицинска сестра

medicinska-sestra-0987-098-crop-resize

 

Оваа вест многу наликува на муабет од улица. Згора на сè, пренесена е на начин што не ги задоволува ниту минималните професионални критериуми на новинарството. Веста е речиси несодржајна, таа е несеопфатна, а не може ниту да се провери нејзината вистинитост. Покрај тоа, крши два члена од Кодексот на новинари, па поради тоа и денеска е тука на рецензија. Објавувањето фотографии на кои се покриваат само очите, исто така, е проблематично.

medicinska sestraЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Ова е убиената медицинска сестра

Датум и време на објавување: 12.01. 2015, 16:25

Датум на рецензирање: 13.01. 2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Написот, иако се базира на вистинска информација, само делумно е точен, но му се додавани непроверени детали со кои се дезинформира читателската публика.

Проблемот, покрај тоа, е и во неточните делови, или, пак, сè уште официјално непотврдени информации:

„Што се случило. Што го извадило младото момче од такт за да посегне по животот на Даниела ќе покаже истрагата. Според неофицијални информации Никола во полиција изјавил дека неколку месеци се гледале и имале однос, вели не се сеќава на моментот кога ја задавил.“

Иако овие прашања, наизглед, треба да се реторички, сепак, не може врз основа на недокажани, рекла-кажала информации да се стави акцентот на веста.

Големи пропусти текстот има и во содржајноста, изворите на информации, пристрасноста и во вистинитоста. Тука има сериозни грешки кои се направени со објавувањето. Се открива целото име на жртвата, што е спротивно на член 7 од Кодекост на новинари:

Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.

Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост.

Зошто е објавено целото име е непознато, иако според Кодексот тоа е дозволено само ако е засегнат јавниот интерес. Во овој случај, воопшто не се работи за информација од јавен интерес, со што е направено класично кршење на овој член.

Основна задача на новинарот е да известува непристрасно, без да дава квалификации за луѓето или настаните за кои пишува. Со споменувањето на името и на презимето на лицето, пак, кое е обвинето за убиство, се нарушува презумпцијата на невиност.

Текстот не се повикува на извори на информации, кои би имале релевантност за пласирањето на информацијата. Наведувањето „коментираат“ не е доволно за да се потврди веродостојноста, а е спротивно и на членот 8 од Кодексот на новинари:

Начинот на информирање, во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

Известувањата за драматични настани од типот на убиството, за кое станува збор, се често нерамен терен за новинарите и за медиумите. Желбата текстот да има повеќе детали од тој на колегата речиси секогаш носи проблем информациите да не бидат докрај проверени пред да бидат објавени. Неретко, пак, и се објавуваат шпекулации, кои обично ги следат вестите за една ваква трагедија.

Вакви текстови многу често се мета на рецензија затоа што освен професионалното однесување, има и општествена одговорност. Таа честопати се заборава, но затоа мора редовно да се потсетува на неа.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција