Рецензија: ФОТО: Среде Скопје му го искршија автомобилот на Тони Зен

Скопје-му-го-искршија-автомобило_-http___www.press24.mk_node_118735-crop-resize

Насловот: „Среде Скопје му го искршија автомобилот на Тони Зен“, прозвучува како некој намерно да му го уништил возилото на познатиот македонски рапер. А, всушност, во прашање е сообраќајна незгода. Така што, читателот на чиј предлог ја правиме оваа рецензија со право забележува:

„Насловот манипулира дека Тони Зен бил жртва на намерен хулигански напад, а не на обична сообраќајка“.

Скопје му го искршија автомобило_ - http___www.press24.mk_node_118735Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Среде Скопје му го искршија автомобилот на Тони Зен

Датум и време на објавување: 29.09.2014, 11:06

Датум на рецензирање: 2.10.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

НАСЛОВОТ – УТКА

Станува збор за фото-вест, преземена од друг медиум и тоа е наведено, но не е посочен линкот. Сепак, според  конструкцијата на речениците таа повеќе наликува дека е позајмена од трет медиум, каде половина час порано е објавен сосема идентичен материјал.

Оваа куса вест има само четири реда и податоците во неа се точно пренесени.

„Сношти раперот Тони Зен имал сообраќајка во центарот на Скопје.

Несреќата се случила кога возач со својот автомобил удрил во неговиот. За среќа ниту Тони Зен ниту неговите сопатници не биле повредени, а полицијата извршила увид во местото на несреќата.

Веста ја пренесе порталот Центарњуз.

Меѓутоа, како што кажавме, проблематичен е насловот.  Уште кога ќе се прочита првата реченица од текстот, се заклучува дека насловот:

„Среде Скопје му го искршија автомобилот на Тони Зен“

е  промашен.

Тој е збунувачки, манипулира со читателската публика и ја наведува на погрешно мислење. Дури шокира. Алудира на тоа дека се случил некаков голем инцидент во кој било искршено возилото на Тони Зен.  За потоа од веста читателите да разберат дека имало сообраќајка во која учествувал раперот.

Но, несомнено, ваквиот избор на насловната конструкција е направен намерно со цел да предизвика што  повеќе кликови. Сепак, гледано од  новинарски аспект насловот претставува целосно промашување. Тој се коси со професионалните  стандарди кои налагаат  објективното и етички исправно новинарство да биде ослободено од сензационализам.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција