Рецензија: Фото: Владимир Вангелов, „дете“ за сите протести на СДСМ

FireShot-Screen-Capture-065-www_kurir_mk_makedonija_vesti_183346-FOTO-crop-resize

 

Основното прашање што се наметнува во рецензијата на овој текст е – дали граѓанинот кој ги препознава погрешните политики на власта или лошите одлуки и решенија има право за секое од нив да каже „не“. Или, треба да се појави на протест само тогаш кога е лично засегнат, не изразувајќи никаква солидарност и поддршка на оние што се погодени од неправдата.

Граѓански активизам подразбира учество ако не во сите, барем во дел на граѓанските активности за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и борба против неправдата.

FireShot Screen Capture #065 - 'ФОТО_ Владимир Вангелов, “дете“ за сите протести на СДСМ' - www_kurir_mk_makedonija_vesti_183346-FOTO-VlaЛинк до оригиналниот напис: Фото: Владимир Вангелов, „дете“ за сите протести на СДСМ

Датум и време на објавување: 22.12.2014, 15:55

Датум на рецензирање: 23.12.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

УСКРАТЕНО ПРАВО НА СОЛИДАРНОСТ

Со шест фотографии и со исто толку реда текст, беспримерно се компромитира и етикетира граѓанинот Владимир Вангелов, со употреба на пејоративен термин како „дете“- (потрчко) кој на партијата СДСМ ѝ се наоѓа „при рака“ да учествува на секој протест. Со тоа му се ускратува право на солидарност со оние што се загрозени.

„Вангелов може да се забележи речиси на сите протести досега организирани од СДСМ. Па така, Вангелов еднаш се појавуваше како незадоволен граѓанин од Општина Центар,  беше забележан и на протестите на здружението АМАН, па стана дел и од таканаречените “паркобрани“… денеска доби нова улога, протестираше и како хонорарец.“

 

КОМПРОМИТИРАЊЕ НА УСТАВОТ

Се прави обид да се ускрати со Устав загарантираното право на мирен протест (член 21 од Уставот на Република Македонија). Во самиот наслов, без факти тој се прогласува за експонент на СДСМ: „Владимир Вангелов, „дете“ за сите протести на СДСМ“.

Од насловот и од текстот во кој на Вангелов му се забележува дека учествува на сите протести организирани од СДСМ, произлегува и дека протестот на хонорарците е организиран од опозициската партија, што не се докажува ни со еден факт или со повикување на извор, па не може да се прифати како вистина.

Едно од основните човекови права е и право на мирен протест со кое се овозможува субјектите да можат да изразат свое мислење за определени дејства преземени од државата и од институциите во истата.

Повреден е основниот принцип на однесување на Кодексот на новинарите на Македонија кој вели дека:

Следејќи ја својата улога во градење на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинство и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите… ( би додал, и не само да ги бранат, туку и да ги застапуваат).

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција