Рецензија: Граната од Втората Светска војна пронајдена во кумановско

 

22-097-090987-crop-resize

Упс, артилериска или рачна граната?! Искрено да кажам, не знам што ќе да е. Едно се зборува во текстот, а друго се приложува во фотографијата. Како и да е, бомба е, ама промашена.

2Линк до оригиналниот напис: Граната од Втората Светска војна пронајдена во кумановско

Датум и време на објавување: 23.10 2014  11:16

Датум на рецензирање:  27.10.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„WHAT A MISTAKE-A TO MAKE-A!“

 Нема што многу да се трошат зборови за текст од четири реда кој требало да информира дека во Кумановско е пронајдена артилериска граната од, како што се вели, Втората светска војна. Во ред е веста, ама новинарски е целосно промашено „пакувањето“, бидејќи основната информација е „поткрепена“ со сосема несоодветна фотографија. Зошто? Зашто рачна бомба не е исто што и артилериска граната. Првата има помала огнена моќ, додека втората може да урне и зграда. Но, ако сакаме да бидеме прецизни, еве ги официјалните дефиниции:

  • Артилериска граната: проектил испукан од артилериско оружје, муниција составена од цилиндричен метален објект која содржи експлозивно полнење;
  • Рачна граната: мал експлозив, хемиска или гасна бомба која се користи на мало растојание.

Оттука, ако станува збор за рачна бомба, опасност секако има, но далеку помала од заостанато артилериско оружје кое, пак, има сериозна разорна моќ.

Брзањето при објавувањето на една вест не го оправдува пропустот, незнаењето или, пак, третирањето на придружната фотографија како на нешто со второстепено значење – своевидно „нужно зло“. Во кредибилното новинарство, особено електронското, информацијата без вистинска „фотка“ е како торта без завршната глазура.

Затоа, конечниот збор за овој текст би го позајмил од еден симпатичен телевизиски лик од минатото, кој по секоја негова „утка“ знаеше да каже: „What a mistake-a to make-a!“.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција