Рецензија: Грчева и Топузова распнати – ова ли е демократијата на СДСМ?

Solza-i-Roza-09876522-09809-crop-resize

Ова е текст кој не може да се идентификува со ниту еден новинарски жанр. Ако требало да претставува информација, тоа не е. Не ги запазува ниту занаетските правила, а настрана етичките, моралните, па ако сакате и јазичните. Не е ниту колумна – не е потпишан од никого, а нема ниту други елементи. Иако колумната може да содржи и сатира, сепак, тука за тоа не може да стане збор. Или се сакало, само безуспешен бил обидот. Можеби од колумнистичкиот елемент е запазена само периодичноста. Вакви текстови се појавуваат одвреме навреме, и никој не знае зошто, кога, како и од каде.

Solza i RozaЛинк до оригиналниот напис: Грчева и Топузова распнати- ова ли е демократијата на СДСМ?

Датум и време на објавување: 24.06.2014, 10:51

Датум на рецензирање: 24.06.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

БЕЗ КОНКРЕТНИ ИЗВОРИ

Нема вистина во ништо. Точно е дека имаше напади врз пратеничките, но од никаде не може да се извлече заклучок дека тоа се „оркестрирани напади од СДСМ и нејзините портали“. Не секој што ќе зборува на Фејсбук е социјалдемократ, ниту, пак, не секој социјалдемократ има Фејсбук профил.

Изворот на информација, барем според текстот, се социјалдемократите и нивните медиуми. Притоа, нема кои се тие конкретно и како изгледало тоа напаѓање.

Текстот од ракав вади тези, а речениците се дури и контрадикторни една со друга. Тука, всушност, се работи за една до две реченици – исто толку и тези (?!), кои потоа се преформулираат во секоја реченица за на крај да се заклучи: Ете, видовте дека СДСМ е недемократска партија!

Текстот дури оди дотаму што се „загрижува“ за роднините на пратеничките, оти, наводно, сега ќе било тешко нив:

Она што е најстрашно е што овие политичарки почнаа да се соочуваат со закани од оние кои му го штитат грбот на Зоран Заев. Вперениот прст кон нив и недоличните напади, ги уплашија и нивните семејства. Сега тие се загрижени и уплашени за следните потези насочени кон Грчева и Топузова Каревска.

Можеле барем да се јават кај тие „загрижени“ роднини и да ги прашаат, а за волја на вистината, ниту пратеничките досега изјавиле дека им е загрозена безбедноста ним лично и на нивните семејства.

 

ЦЕЛ ТЕКСТ Е КОМЕНТАР

Пристасноста е политичка и тоа се гледа од авион.

Целиот текст е коментирање. Но, тој е ставен во рубрика Македонија. Не се ни потрудило да се остави впечаток на нешто друго, па да се ставел во некоја рубрика коментари или колумни.

Најверојатно овој текст е оргинален, затоа што до завршувањето на рецензијата, сличен, или ист ваков текст немаше во другите медиуми.

Насловот е приказна за чудење. Две констатации сместени во неколку збора навистина е за чудење. Притоа, ниту една не е вистинита затоа што е недокажлива. Нема зошто е недемократска една партија и зошто и дали навистина се распнати пратеничките.

Фотографијата е ставена колку за илустрација.

Ова е текст, кој, всушност, треба да даде или да создаде поинакво мислење за членови на една партија. Ниту се грижи за пратеничките, ниту за безбедноста на нивните семејства. Но, тоа невешто е искористено во текстот. Поради тоа што невешто е искористено и целиот текст на крајот е невешт или неумесен.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција