Рецензија: Груевски на одмор во Турција-Заев на тајна локација која за медиумите објавуваат дека е Грција

FireShot-Screen-Capture-019-Груевски-на-одмор-во-Турција-Заев-на-тајна-локација-која-за-медиумите-објавуваат-дека-е-во-Грција-I-Сител-Те-crop-resize

Што е поголема и почеста експонираноста на политичарите и носителите на јавните функции во јавниот живот, тоа е поголем и интересот на новинарите и граѓаните за нивната приватност. Текстот кој го рецензираме го отвора баш тоа прашање, имаат ли политичарите право на приватен живот ? За разлика од европските и светските политичари, приватниот живот на нашите политичари се изнесува во јавност само ако е во функција на политички маркетинг и прикажување на наводната транспарентност пред граѓаните: „Груевски со своето семејство се наоѓа на летен одмор во Република Турција, на покана на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а во времетрање од 10 дена, почнувајќи од 9 август. Одморот ќе го помине на две места едно во близина на Бодрум, другото во близина на Фетије, по половина од времето“…

Основно е да се разграничи каде завршува правото на јавноста да знае (во овој случај каде летуваат носителите на јавни функции), а каде почнува правото на приватност, кое, иако е донекаде рестриктивно кога се во прашање функционери и јавни личности, мора да постои и за нив.

Текстот има провидна цел да го прикаже премиерот како транспарентен дури и кога е во прашање приватниот живот и кога е на годишен одмор (на туѓ трошок), а истовремено да ги стигматизира опозициските лидери и да ги прикаже како таинствени, нетранспарентни во приватниот живот, а со тоа и да им го наруши политичкиот рејтинг во полза на премиерот. „Социјалдемократите кријат каде летувал нивниот лидер Заев. Шекеринска крие каде била на летување, а молк владее и во кабинетот на лидерот на либералдемократите и градоначалник на центар, Андреј Жерновски“.

FireShot Screen Capture #019 - 'Груевски на одмор во Турција - Заев на тајна локација која за медиумите објавуваат дека е во Грција I Сител ТеЛинк до оригиналниот напис: Груевски на одмор во Турција-Заев на тајна локација која за медиумите објавуваат дека е во Грција

Датум и време на објавување: 12.08.2014, 17:31

Датум на рецензирање: 14.08.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ПРИВАТНОСТА ВО СЛУЖБА НА СОБИРАЊЕ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ

Се работи за официјално соопштение од кабинетот на Премиерот и со самото тоа неговиот одмор добива протоколарен карактер и спаѓа во сфера на јавниот интерес затоа што Груевски не отишол приватно во Турција, туку „е на летен одмор на покана на турскиот премиер“. Значи, има разлика во однос на летувањата на другите кои се прозвани во текстот.

Кабинетот на Груевски апсолутно имал обврска ова да ѝ го соопшти на јавноста, бидејќи се работи за семеен годишен одмор на службена покана на турскиот премиер и на трошок на друга држава и, ако се премолчи, може да се толкува и како обид за корупција од страна на турскиот премиер.

Во овој случај службениот, протоколарен годишен одмор на премиерот Груевски во Турција на покана на турскиот премиер Ердоган, Владата, односно неговиот кабинет, го спинува во полза на транспарентност на премиерот. Тој се прикажува како семеен човек, близок до народот и до семејните вредности, кој не крие ни каде, ни со кого, ни колку дена оди на летување.

Опозициските лидери, кои се на приватен годишен одмор со свои пари, се прикажуваат како нетранспарентни, при што се асоцира и на некакви конспиративни летувања кои намерно се кријат од јавноста, бидејќи она не треба да знае за нив.

„Социјалдемократите кријат каде летувал нивниот лидер Заев, сепак ,повеќе медиуми веќе објавија дека Заев и оваа година, летувал кај јужниот сосед. Шекеринска крие каде била на летување, а Молк владее и во кабинетот на лидерот на либералдемократите и градоначалник на центар, Андреј Жерновски“.

Од нив изнасилено са бара, да кажат, да признаат, дека биле во (непријателската) Грција. …„повеќе медиуми веќе објавија дека Заев и оваа година, летувал кај јужниот сосед“...

 

КОНСПИРАЦИЈА

Од летувањето на Заев се прави конструкција од која треба да се насети и некаква конспирација:„Социјалдемократите кријат каде летувал нивниот лидер Заев, сепак ,повеќе медиуми веќе објавија дека Заев и оваа година, летувал кај јужниот сосед. Значи не му е првпат. Тоа се доведува во контекст и со неговите чести „конспиративни“ патувања во соседна Грција.

Насловот не само што е нејасен и не поминал уредничка и лекторска коректура, туку е и тенденциозен, при што Груевски се спинува као транспарентен политичар, кој јавно кажува каде оди на летување, а однесувањето и летувањето на Заев крие нешто сомнително „Груевски на одмор во Турција-Заев на тајна локација која за медиумите објавуваат дека е во Грција“.

 

ПОСТОИ ЗАКОН

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е јасен и предвидува дека сите граѓани, вклучително и новинарите, имаат слободен пристап до оние информации кои се во посед на јавните функционери или на носителите на јавни функции, но само ако се во врска со нивната работа или се содржани во документите кои се во нивен посед. Ако премерот на Македонија летува службено со своето семејство во Турција, на покана (претпоставуваме писмена) и на трошок на турскиот премиер, и ако од неговиот кабинет за тоа е испратено службено соопштение, тоа е информација од јавен карактер и не треба да се крие.

Но, инсистирање на медиумот и прозивање само на лидерите на опозициските партии да кажат јавно каде летувале на сопствен трошок со семејството или пријателите е во доменот на паланечки, малограѓански менталитет својствено за таблоидното и несериозно новинарство.

Граѓаните се љубопитни и сигурно би сакале да знаат и каде летувале лидерите на коалицијата која е на власт, но тие остануваат заштитени од ваквите „непристојни“ прашања и мешање во приватниот живот.

Не е испочитуван Членот 7 на Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 7

Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес…

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција