Рецензија: ГТЦ се подготвува за куполите и за античките столбови

06182014-Utrinski-GTC-crop-resize

Најважно од сите правила за новинарите, кога се работи за контроверзни теми, оние кои предизвикуваат конфликти, е да бидат избалансирани во презентацијата на спротивставените страни и да не фаворизираат ниту еден интерес, освен јавниот.

Така препорачува и Кодексот на новинарите во петтиот став од преамбулата за етичките и професионални стандарди во новинарството:

„Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.“

За жал, во текстот што го рецензираме не е испочитувана оваа препорака и со тоа оваа медиумска содржина си ја девалвираше својата вредност, веродостојност и сеопфатност.

06182014-Utrinski-GTCЛинк до оригиналниот напис: ГТЦ се подготвува за куполите и за античките столбови

Датум и време на објавување: 15.06.2014, 13:53

Датум на рецензирање: 18.06.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Пропуштената прилика за сеопфатна презентација на актуелните моменти на оваа тема со вклучување на втората засегната страна во контроверзната тема за која информира текстот, ги „спушти“ неговите професионалните вредности.

Една едноставна постапка ќе му ја дадеше на овој текст неопходната димензија за веродостојност и полнота – ставот на втората страна. Тоа е нешто без што овој текст, едноставно, не требаше да биде објавен зашто информира за иницијатива околу која имаше многу возбудувања, сериозни граѓански иницијативи кои покренаа многу дебата и прашања. Уште повеќе зашто медиумот што ја објавува оваа информација веќе има пишувано многу професионални текстови на оваа тема како, на пример, овој во кој се известува за односот на менаџментот на ГТЦ кон сопствениците на локалите во овој објект, кој најблаго кажано, е игнорантски.

И наместо изворна и автентична изјава за ставот на таа страна во врска со она што го најавува текстот, за да добиеме целосна слика за односот кон најавите на двете страни, добиваме едностран и пристрасен текст. Штета.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција