Рецензија: Како Фрчковски ја манипулира македонската јавност за спорот со името?
Ова е уште еден текст кој извртува тези и прави класично спинување. Тој е полн со коментари кои, пак, немаат никаква поткрепа и се лаички додатоци во текстот. Уште од стартот, па се до крајот на написот се извртуваат моменти, извадоци од колумни на професорот Љубомир Фрчковски се вадат од контекст или се погрешно толкувани. Затоа, овој текст е денеска и тука за рецензија.
Линк до оригиналниот напис: Како Фрчковски ја манипулира македонската јавност за спорот со името?
Датум и време на објавување: 25.07.2014, 14:38
Датум на рецензирање: 26.07.2014
Рецензент: Владо Ѓорчев
ПОЛН СО НЕДОРЕЧЕНОСТИ
Текстот не нуди ниту еден факт и е полн со недоречености. Дури и во „коментаторските делови“ каде нешто наводно се тврди, тоа е направено лошо и без аргументација. Има нелогичности од типот кои дури не можат ни целосно да се разберат иако е јасна тенденцијата на текстот и зошто е тој наменет. На пример, пасуси од овој тип:
Фрчковски уште во 2005 гоидна признава и говори и за името на нацијата и за името на јазикот кој го говориме. Во неговите тогашни изјави, тој недвосмислено се обидува да го оправда непостоењето на терминот „македонски“ во името на нацијата и чудните и неразбирливи термини за името на јазикот.
… има на претек во текстот, со кои се сака да се натури нечие мислење без докази. И притоа, кога се спомнуваат години, како во случајов со 2005, нема дополнително дадено никаков линк ниту, пак, некако документ за да се поткрепи кажаното.
Изворот на информација е колумна на Фрчковски, но таа целосно се извртува. Се вадат реченици од контекст, се спинуваат моменти со стари изјави, се напоменуваат некои изјави дадени за А1 телевизија, а нема видео снимка, ниту, пак, било каков друг извор за таквата снимка…
Сите „тези“ кои сака да ги претстави текстот како вистинити се погрешно толкувани. Од цели интервјуа и гостувања на професорот се вадени само по една до две реченици што претставува класична манипулација. Цели тези се извадени од контекст и се пресечени како со сатар само да се прикрие вистинската мисла.
КЛАСИЧНО СПИНУВАЊЕ
Текстот има навивачко–политичка конотација и има за цел оправдување на владини погрешни политики преку деградирање на луѓе кои не се на линија со владата.
Инаку, целиот текст е всушност коментар и на секоја реченица од колумната на професорот текстот сака да реплицира, иако спинува и погрешно ги пренесува тезите на професорот.
Насловот наводно поставува прашање преку кое се деградира личноста на професорот Фрчковски. Истот тоа и го заклучува текстот:
Оттука, ваквите континуирани обиди за манипулација на јавноста од страна на професорот Љуборми Фрчковски, македонската јавност оддамна ги има препознаено и никако да му поминат, бидејќи граѓаните многу добро го паметат неговото минато.
Вакви текстови се појавуват речиси секојдневно во одредни медиуми. Тие имаат за цел да деградираат личности и да покријат лоши политики. Но, се ми се чини дека граѓаните веќе препознаваат кој е кој во државата. Затоа и ова се некои безуспешни, слаби обиди за мануипулација и спинување кои немаат никакви допирни точки со новинарството, па ако сака нека биде и коментар или колумна. Секако дека ова не е тоа, затоа што текстот е непотпишан и се наѓа во рубриката „Македонија“. Сѐ на сѐ класичен, школски пример за спин и манипулација.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар