Рецензија: Како Шилегов со минимална плата стекна огромно богатство?!

silegov-0987009988-0980-crop-resize

Ваквите текстови со црна кампања последниов период зачестено се појавуваат во одредени медиуми. Таков е и овој текст кој денеска е цел на рецензија. Уште од самиот наслов се гледа каков ќе биде текстот и што сака да се нагласи. Кога имаме наслов со прашање и чудење, читателот очекува да добие и одговор. И тоа вистински одговор. Но, кога ќе се прочита текстот се заклучува дека тој не нуди одговори, туку уште повеќе нафрлува прашања. Така, излегува дека вест која треба да понуди решение на целта, но, нуди само прашања, прашања и прашања. Се претпоставува дека читателот сам треба да го одгатне прашањето, притоа заборавајќи дека некои прашања едноставно не заслужуваат никаков одговор.

silegovЛинк до оригиналниот напис: Како Шилегов со минимална плата стекна огромно богатство?!

Датум и време на објавување: 16.03.2014, 12:13

Датум на рецензирање: 17.03.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЗОШТО ДА БИДЕ ВИСТИНА КОГА НЕ МОРА

Зашто да биде вистина кога не мора да биде. Се шегувам, се разбира. Тенденција на секој новинарски призвод е да биде вистинит, затоа што читателите тоа го заслужуваат и во најмала рака го бараат. Поради тоа се „смислени“ и правилата на однесување на новинарите. Но, кој да ги почитува?! Така и овој текст не се води од ниту едно начело на вистинитост, туку само нафрлува тези, кои можеби и се вистинити, но се тешко докажливи. Тука не постои ниту намера нешто да се докаже, а тоа се гледа од следниов пасус:

Според официјалните податоци, тој и неговата сопруга во нивната фирма се пријавени на минимална плата. Неговата сопруга официјално, за месец јануари, добива плата од 10.900 денари. Шилегов е пријавен на плата од 22.929 за истиот месец. Дали ова се приходи со кои може некој да си дозволи толкав имот?! Сигурно дека не. Ваквата несразмерност меѓу ниските пријавени приходи и големиот имот фрла сомнеж дека приходите се стекнати на друг начин.

 

КОНТРАДИКТОРНИ ПАСУСИ

Не може нафрлени фотографии и празен пасус да биде „месо“ на текстот.

Иако, според сфаќањата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ова е човек кој припаѓа на средната класа, би рекле накај сиромашна класа, со оглед дека Заев со своите 6-7 милиони евра се смести во средна класа, секој друг би помислил дека човек кој поседува толку веден имот е значаен бизнисмен и има цела редица на фирми зад себе. Сепак тоа не е случај со Шлегов кој не е бизнисмен.

Ова е дел од текстот во кој една идеја на политичка партија се извртува и акцентот се става на нешто сосема друго. Тука, се разбира, клучното прашање кое текстот има намера да го постави е: „Дали може некој богат да нуди помош на средната класа?“. Ова прашање е нелогично, се разбира. Многупати низ историјата е докажано дека политичар може да има секакви ставови и да се бори за најразлични каузи, без оглед на личната материјална состојба. Но, ова прашање, кое се прави обид да се наметне, целиот текст го прави контрадикторен. Податоците, пак, кои се однесуваат на платите на Шилегов и неговата сопруга, се објавуваат со намера да се алудира на криминал, но нема податок за било каков евентуален криминал за кој би станувало збор во случајов.

 

ДА СЕ ОМАЛОВАЖИ

Веста е политички пристрасна и служи само да омаловажи член на партија, притоа користејќи фотографии од неговиот приватен живот.

Коментирањата се во прашална форма. Дел се вистински, дел реторички, со кои во најголема мера се очекува читателот да си донесе заклучот, затоа што текстот не нуди. Веста е оргинална, редакциска и е потенцирано дека е ексклузивна.

Текстови со наслов во форма на прашање и чудење, посебно ако не се реторички (како во случајов), треба да понудат и одговор. Но, тука не е така. Прашална реченица, тука е извртена како реторичка, па со тоа и се мислело дека нема потреба од вистински одговор.

Сѐ е кажано. Текст без податок, без факти, без смисла дури и на новинарска естетика. Безидеен текст, со нафрлени неколку тези, кои притоа не се ниту добро искомпилирани. Сѐ на сѐ, текст кој заслужуваше рецензија и ако може да се вреднува би се оценил со најниска оцена.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција