Рецензија: Магаре со сексуален нагон нападнало трудница

magare-09876-098-crop-resize

Вакви приказни со „еротски набој“ не  е прв пат да се објават во јавноста. Притоа, тие се пласираат како на шега, без притоа да се внимава ниту на етика, ниту на морал, ниту на логика… Туку битно е само да се пласира една вест која најверојатно не е ниту за по дома, во дневна соба, а не, пак, за на телевизија. И иако оваа телевизија, која ја рашири небулознава приказна е локална, сепак, тоа не ги спречи речиси сите национални телевизии и македонски портали да ја пренесаат веста. Разбирлива е до некаде и гладта за гледаност и читаност, за експонираност, па дури и за сензационализам, ама ширење на теми со зоофилија навистина е непримерно. Најмногу поради тоа што ова го гледаат и стари и млади и деца и возрасни, а што е најстрашно во семејни кругови оваа тема би била забранета за муабет. Па зошто тогаш таа се пласирала во јавноста?

magareЛинк до оригиналниот напис: Магаре со сексуален нагон нападнало трудница (Напомена: веста повеќе не може да се најде на веб сајтот, но под текстот е поставена телевизиската верзија од ЈуТјуб – погледнете!)

Датум и време на објавување: 10.10.2014, 17:27

Датум на рецензирање: 15.10.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

САМО „ДОЗНАВАМЕ“

Најверојатно  на голем број гледачи на оваа телевизија им била забавна и смешна приказната. Но, тоа не значи дека таа треба да се објави и тоа во ударен термин. Притоа нема ниту извор, ниту друг податок, освен „дознаваме“. Згора на тоа на видео снимката која оди зад прилогот се гледа елен кој си игра со некоја жена (девојка), ама тој настан не е од оваа приказна. Тоа е од некоја друга „еротска бајка“.

И како на филмска лента во прилогот се тврди:

Таа се обидела да го смири повлекувајќи се назад, но во паниката паднала, а магарето  покажало сексуален нагон и агресивност.

Навистина е трагична оваа констатација, па дури не може ниту да се замисли.

Како и да е ова е една толку необична, несекојдневна, непотребна вест која не заслужува вакво внимание. Таа не е за раскажување ни за по дома, не, пак, на телевизија и на портал. Медиумите сами си ја кројат својата уредувачка политика, ама треба да знаат до каде е црвената линија. Зошто, оваа вест е само за на блага ракија или за во пијани вечеринки.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција