Рецензија: Македонец на Харвард

FireShot-Screen-Capture-264-МРТ-www_mtv_com_mk_node_7791-CROP-RESIZE

Една од клучните вести во празничниот „репертоар“ на МТВ, која не беше врзана за изборите е онаа за едно наше момче кое добило стипендија и ќе замине на Харвард. Иако се работи за телевизија, добивме визуелно статичен прилог во кој нема речиси никаков податок, па може да биде предаван на високите школи по новинарство како анти-вест. Иако се работи за телевизија, добивме визуелно статичен прилог во кој нема речиси никаков податок за материјата која е предмет на изветување, па веста може да биде предавана на високите школи по новинарство како типична анти-вест, односно како новост во која ги нема основните одговори на природната љубопитност за нешто што ќе се најде пред вас, макар и во еден продолжен празничен викенд. И тоа на јавниот сервис, во ударен термин на стартот на вестите!?

„Дипломи, награди, пофалници, портфолио богато со регионални натпревари. Големите успеси на младиот Филип ги препозна престижниот Харвард. Од септември ќе седне во клупите каде што учеле Барак Обама , Френклин Рузвелт, Бил Гејтс…Сонот на секој студент стана негова реалност. Истрајноста, вели Филип конечно се исплати. Поминал часови над книгата, во дебатирање и во невладини организации , а реномираниот Харвард ги препозна неговите успеси“.

Македонец на Харвард

Линк до оригиналниот напис: Македонец на Харвард

Датум и време на објавување: 18.04.2014, 19:29

Датум на рецензирање: 19.04.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ПОВТОРУВАЊЕ ВО ПРАЗНО

Убаво е да чуете дека и ние имаме талентирани ученици, дека за нив не е недостижна и предаваланата на некој од универзитетите кои во се во топ 5.

Но, погоре наведената дескрипција на успехот, која е ораторска, ама не и факторграфска, ќе ја сретнеме уште неколку пати во прилогот (еднаш како пролог, па потоа ја кажува самото момче и т.н.) и таа не дава одговор кој е тој Филип, одвај да го сретнеме и неговото презиме. Живее ли некаде тој, од каде потекнува? Па што ќе студира на Харвард? Колкава е таа стипендија, кој ја дава и дали ќе му стигне? Дали тоа момче денес учи во некое средно училиште и кое е тоа што овозможило еден талент да се крие во иден надежен студент? Каде тоа Филип учествувал на дебати и на која тема? Што е неговата определба, освен што ги гледа меѓународните институции (Обединетите нации) како идна „цел“, бидејќи дотаму се стигнува со повеќе дипломи.

Зад овој прилог остануваат премногу прашалници за да го заслужи местото во ударниот ТВ термин и тоа на националната телевизија. Јасно е дека тоа ја проблематизира рубриката вистинитост, ја испразнува рубриката содржајност, не чуди кои се тоа извори за веста?

 

ПОДЕТАЛНО – НА ИНТЕРНЕТ

А, всушност, напишете го името на момчето на интернет и ќе добиете стотина вредни информации за него, бидејќи се работи за хиперактивна личност (да ви помогнеме, еве една адреса). И кога ќе ги дознаете фактите ќе се запрашате дали некои некои од нив и ги нема бидејќи не требале да се кажат? Дали всушност, зад тоа што немате портрет на идниот студент на Харвард вие треба да запомните дека имаме средношколци за Харвард, ама така што ќе се добие впечаток дека имаме добар образовен систем (!) и само толку, но дека луѓето се обични „кукли“ во тој ист систем. Да се рече дека Филип учи во приватно училиште, дека годинава четири ученици од неговата генерација од тоа училиште добиле стипендии за МИТ, Кембриџ, Универзитет во Амстердам, дека е активен во Радио МОФ и дебатите што таму се организираат… по малку е блам за јавниот образовен систем, нели?!

Овој прилог сокри речиси сѐ ( а, колку само телевизијата е податна да визуелизира нешто што го крстиме како „содржајност“!), а остана само тоа дека сме „моќна земја“.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција