Рецензија: Македонските танчари ги собраа главните награди на Светскиот куп во Сараево

FireShot-Screen-Capture-034-I-Вистина-vistina_mk_2014_10_21-crop-resize

Самото учество на некој натпревар е успех, особено ако се работи за меѓународна или за светска манифестација. Но, лажирање резулати или нивно невистинито презентирање на јавноста преку медиумите е еднакво на неуспех и на измама.

На предлог на наш читател, рецензираме текст што се осврнува на резултатите од меѓународниот танцов натрпевар во Сараево, во кој успехот на нашите натпреварувачи е преувеличен: „Македонските танчери ги собраа главните награди на светски куп во Сараео“. Но, тоа не е вистина, сокриени се суштински податоци.

FireShot Screen Capture #034 - 'Македонските танчари ги собраа главните награди на Светскиот куп во Сараево I Вистина' - vistina_mk_2014_10_21Линк до оригиналниот напис: Македонските танчари ги собраа главните награди на светски куп во Сараево

Датум и време на објавување: 21.10.2014, 14:53

Датум на рецензирање: 28.10.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

СВЕТОТ Е, СЕПАК, ПОГОЛЕМ

Содржината е конфузна и не може да се долови вистинската слика што, всушност, се случувало во Сараево, за каков вид натпревар се работи, кој е организаторот, во колку категори и во какви дисциплини биле поделени натрпеварувачите за да може да се измери квалитетот на освоените пласмани.

„Овој викенд Сараево беше центарот каде се собраа танчарите од целиот свет да ги измерат своите вештини и квалитети.“

Да се употреби терминот „од целиот свет“ подразбира барем некаков вид интерконтинентален натпревар. На натпреварот во Сарево се собрале танчерите од десетина земји, а главните фаворити биле само од Турција, Италија, Романија и од Франција, додека другите натпреварувачи биле од просторот на поранешна Југославија , така што не може да стане збор за целиот свет – тој е малку поголем од овие простори.

ПОГРЕШНИ ЧЕКОРИ

Не осврнувајќи се на успехот на останатите учесници на натпреварот (Босна, на пример, освои шест златни, три сребрени и два бронзени медали во разни танчерски категории: Сјајан успех БХ плесача у Сарајеву ), без да се повика на извор, се тврди дека

„Македонските танчари ги собраа главните награди на Светскиот куп во Сараево… јуниорите на Dancers United Mk освен што се вратија со многу импресии од ова случување, се вратија и со многу медаљи и пехари… нашите најмлади во сите категории, со тешка конкуренција беа финалисти во сите категории. Дел од инструктори на Dancers United Mk Сара Кочан и Нермин Кочан ја дополнија листата на награди на претставници од Македонија… со трето место.“

Читателот, кој го предложи текстот за рецензија, убаво забележал дека, всушност, медиумот воопшто не ги проверил официјалните резултати на сајтот на купот, бидејќи, како што забележува, повикувајќи се на официјален извор, клубот од Македонија има освоено седум последни места, односно има освоено апсолутни последни места во шест категории, само во една категорија, каде настапил надвор од конкуренција и бил единствениот натпреварувач, освоил прво, односно последно место, бидејќи немало други натпреварувачи, а во една категорија, „салса“, Сара Кочан и Нервин Кочан освоиле деветто место од вкупно дваесет танцови парови (European Championship | Salsa | Couples). За сите други дисциплини овде може да се види целиот пласман: Официјалните резултати за сите категории.

Чуму тогаш импровизации и лажен сјај во медиумот. И тоа што е постигнато е сосема доволен успех за „Дансерс јунајтед МК“ и за нивните претставници, со оглед на тоа што клубот постои, како што е наведено и во текстот, само една година: „Клубот Dancers United Mk зад себе има една година од своетио формирање, а кој несомнео на повеќе натпревари ги собира главните награди“.

Прекршен е член 1 од Кодексот на новинарите на Македонија, кој ги регулира основните принципи и етички вредности:

Член 1.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи… Точноста на информација треба да се провери колку што тоа е можно.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција