Рецензија: Македонците од Флорида: Како Заев спие мирно кога знае дека ја кодошел македонштината за ситни политички поени?

Македонците-од-Флорида-Како-Заев-спие-мирно-09876-098-crop-resize

 

Она што е спорно во овој текст е кое е, всушност, ова Здружение и кои се тие Македонци што членуваат во него. Написот е политички пристрасен и има цел да го нападне и да го оцрни опозицискиот СДСМ и особено лидерот на партијата, Зоран Заев.

Македонците од Флорида  Како Заев спие мирно кога знае дека ја кодошел македонштината за ситни политички поениЛинкуван наслов на анализираниот напис: Македонците од Флорида: Како Заев спие мирно кога знае дека ја кодошел македонштината за ситни политички поени?

Датум и време на објавување: 07.02.2015

Датум на рецензирање: 11.02.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Здружението на граѓани „Македонско сонце“ од Тампа, Флорида изразува загриженост поради случувањата во Македонија и дава поддршка на премиерот во, како што наведуваат во писмото,  борбата против кодошите, предавниците и оние кои сакаат Македонија да ја видат распарчена.“

Доколку се пребара на инетернет, ќе се види дека за ова Здружение не постојат никакви информации, ниту кога е основано ниту, пак, кои се негови членови. Тоа не може да се дознае ниту во овој напис. Ова Здружение првпат се спомнува во еден македонски медиум токму сега, откако премиерот Никола Груевски излезе со аферата „Пуч“, во која го обвини опозицискиот лидер Зоран Заев дека соработувал со странски тајни служби. Иако судска постапка за овој случај сè уште не е отворена во Македонија, а уште помалку е нешто докажано, одеднаш со реакции за „предавство“ и со оцрнување на Заев се јавија бројни здруженија од дијаспората, меѓу кои и Здружението на Македонци од Тампа, Флорида.

Со оглед на фактот дека не се наведени конкретни податоци за ова здружение, се наметнува прашањето дали тоа воопшто постои или, пак, е измислено или експресно формирано за политички да се манипулира со јавноста и да се плука по опозицијата.

Во писмото испратено од ова здружение се гледа јасно поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и за премиерот Никола Груевски, што го прави текстот политички пристрасен. Нејасно е зошто ова здружение не се јавило досега со реакција за други политички случувања во земјава, како што беше, на пример, „црниот понеделник“, на 24 декември 2012 година, кога од законодавниот дом беа исфрлени опозициските пратеници, а опозицијата тогаш обвини дека „почна крајот на демократијата во земјава“.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција