Рецензија: Мечевска сакала да се самоубие?

rakometarka-09876-098-crop-resize

Уште во самиот наслов на веста e покажана невнимателност и неодговорен однос кон чувствителната информација што се пласира во јавноста. Поради тоа што се работи за целосна шпекулација, прашање е како и дали воопшто требало да се извести на овој начин. Според официјалните податоци од МВР, ракометарката паднала од петти спрат, од зградата во која што живеела, а сите други информации се непотврдени без извор и врз база на маалски муабет.

rakometarkaЛинк до оригиналниот напис: Мечевска сакала да се самоубие?

Датум и време на објавување: 10.02.2015, 21:31

Датум на рецензирање: 11.02.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Согласно членовите 7 и 8 од етичкиот Кодекс, новинарите се должни да ја зачуваат приватноста на личноста и да не известуваат со сензационализам во случаи на самоубиство, бидејќи станува збор за семејна трагедија.

Текстот се служи со „најверојатно“ што воопшто не значи дека тоа се случило. Притоа во написот воопшто ја нема официјалната информација од полицијата каде се наведени околностите за случајот. Во текстот како извори се наведени блиски луѓе на ракометарката, што е непрофесионален чин на инволвирање на роднини во шпекулација.

Заклучокот води дека ова е надвор од стандардите на новинарскиот кодекс и одговорното известување особено за сензитивните теми. Исто кога текстот е објавен истрагата сѐ уште траела, а одговорниот новинар треба секогаш да ја провери информацијата. Тоа тука не е стрено, па затоа имаме текст рекла-кажала, без чувство на одговорност кон семејството и врз база на шпекулации.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција