Рецензија: Министерот Спасов открил дека книги може да се читаат и со слушање

Plusinfo-098760980909-crop-resize

Ова е текст кој е изваден од соопштение од  Министерството за труд и социјална политика, со кое се сакало да се пошегува на сметка на министерот Диме Спасов. Aко се прочита изјавата од соопштението од Министерството за труд и социјална политика и насловот на овој текст, веднаш се заклучува дека тој е ставен несмасно. Причината е поради тоа што насловот не соодветствува со вистината. Најмногу и поради тоа овој текст е денеска тука за рецензија.

Plusinfo1Линк до оригиналниот напис: Министерот Спасов открил дека книги може да се читаат и со слушање

Датум и време на објавување: 25.09.2014, 13:19

Датум на рецензирање: 28.09.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЕДНО ВО ТЕКСТОТ, ДРУГО ВО НАСЛОВОТ

Во текстот стои:

„Спасов на почетокот нагласи дека овој проект бил инициран од замислата дека читањето книги, освен што може да се прави преку сетилата за вид, може да се прави и со сетилата за слух. И токму поради тоа во декември минатата година беше склучен меморандум за соработка каде се обврзавме да овозможиме што повеќе книги да бидат достапни и бесплатни  во аудио формат, за слепите лица и деца со оштетен вид“, пишува во соопштението испратено до медиумите од Министерството за труд и социјала.

Иако овој параграф од соопштението на министерството е несмасно напишан, па дури и донекаде инфантилно, при што изгледа како на мали деца да им се објаснуваат карактеристиките на аудио книгите, сепак, кога се вели дека овој проект е инициран од замислата дека читањето книги, освен што може да се прави преку сетилата за вид, може да се прави и со сетилата за слух, во ниту еден момент не значи дека Министерот Спасов открил дека книги може да се читаат и со слушање.

Далеку е од вистината дека министерот прв пат слуша за тоа токму сега, иако проектот е подржан од Министерството за труд и социјална политика.

Инаку, текстот е коректен во смисла на тоа како е пренесен настанот. Соопштението од министерството е коректно пренесено, освен во делот од насловот. Со него се сакало да се понижи министерот, алудирајќи или на неговата младост или, пак, на неговото неискуство, но тоа не е дозволено во новинарството. Во професијата мора да се известува објективно, вистинито и точно. Само поради младоста на еден функционер не смее да се преземат вакви чекори за омаловажување и/или потсмешливост. Затоа, да не беше насловот ваков каков што е, текстот ќе беше онаков како што треба да биде при еден новинарски извештај од настан или образложение на соопштение од некоја институција.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција