Рецензија: Морална одговорност, што беше тоа?

makdenes_org_content_article_25166742_html-crop-resize

Текстот со  наслов „Морална одговорност, што беше тоа?“ претставува убав пример на интересна и солидно обработена тема. Написот го третира прашањето за моралната одговорност на политичарите и притоа посочува стручни мислења од политиколошки и социолошки аспект, кои му даваат дополнителен квалитет на овој материјал. Провокација за темата авторот наоѓа во актуелните случувања на домашната политичка и јавна сцена.

„Во последните неколку недели се случија неколку инциденти кои ја вознемирија јавноста, грабежи на музеи, сомнителни смртни случаи во болниците, но ретко кој од раководителите презема одговорност за случувањата во институцијата што ја раководи и чека да се утврди вина“

FireShot Screen Capture #064 - 'Морална одговорност, што беше тоа_' - www_makdenes_org_content_article_25166742_htmlЛинк до оригиналниот напис: Морална одговорност, што беше тоа?

Датум и време на објавување: 13.11.2013

Датум на рецензирање: 14.11.2013

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Приодот и начинот како е конципирана и напишана оваа тема не остава простор за сомнеж во нејзината вистинитост.

Извори на информации: Во текстот коректно се нотираат изворите. Тезата дека македонската реалност е таква што „големата партизација на општеството придонесува функционерите да одговараат само пред партијата што ги поставила, а не пред јавноста“, е поткрепена со изјавите на двајца аналитичари:

„преземањето морална одговорност е едно од непишаните правила на демократијата. Сепак, таа никогаш не била на цена во Македонија во изминативе две децении, а се чини дека сега е дополнително во пад.“ 

„Мора да се преземе сеопфатна општествена акција за враќање на моралот, за да може да  да бараме морална одговорност од некого.“

Содржајност:  Со консултирањето на соодветни извори авторот успеал да ѝ даде целовитост на темата.

Пристрасност: Во написот на може да се забележи некаков вид на пристрасност, туку објективно констатира една состојба на „ерозија на моралот“ и оправдано  го поставува прашањето за изостанување на морална одговорност кај носителите на политички и јавни функции.

Коментирање: Коментаторските елементи се користени одмерено и професионално, повеќе како констатации и наративен дел при пренесувањето на изјавите на соговорниците.

Оригиналност/Плагијат: Автентичен новинарски текст со потпис на авторот и негова фотографија.

Квалитет на насловот: Насловот ја содржи поентата на текстот и е во одлична композција со поднасловот.

Фотографија: Текстот е илустриран со две фотографии. Централаната фотографија, на која е прикажана девојка која со двете раце делумно го покрива лицето, може да ја долови главната поента на написот. Но, помалата фотографија на која се гледа како некој разговара на мобилен, не е умешно одбрана.

Заклучок: Новинарски добро спакуван производ со убав приод и содржина, пишуван во лесен и разбирлив стил. Ставовите на двајцата соговорници ја потврдуваат оправданоста на отворањето на темата во актуелниот политички момент и одат во прилог на заклучокот на текстот:

„Причините за непонесувањето политичка одговорност може да се бараат и во ниското ниво на политичка култура, високиот праг на толеранција во општеството и отчетноста пред партијата, а не пред граѓаните.“

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција