Рецензија: Може да го заборавиме снегот – метеоролозите прогнозираат „вечна“ пролет во Македонија

вечна-пролет-во-Македонија-_-Press24-2013-10-31_13.04.25-crop-resize

Насловот на текстот ни ветува “вечна пролет” и ветување дека треба да го заборавиме снегот. Некои од читателите ќе се израдуваат на оваа перспектива, додека други ќе бидат разочарани што снежните радости можеби ќе ги нема повеќе! Но, отворањето на целиот текст ни прикажува само временска прогноза без научни предвидувања за климатските промени.

Во текстот дознаваме само какво ќе биде времето во текот на целата недела. Tоа останува убаво во текот на неколку дневниот период за кој метеоролошката прогноза ни дава предвидување но, вечната пролет е само наслов кој што не му одговара на текстот.

“На Балканот ќе продолжи сончевото и топло време, па така во понеделник ќе биде сончево и топло. Силен ветер ќе дува во Јадранско и Јонско море. Максималните дневни температури ќе се движат од 20°С до 25°С. “

Може да го заборавиме снегот - метеоролозите прогнозираат „вечна“ пролет во Македонија _ Press24 - 2013-10-31_13.04.25 Линк до оригиналниот напис: Може да го заборавиме снегот – метеоролозите предвидуваат “вечна” пролет во Македонија”

Датум и време на објавување: 28.10.2013

Датум на рецензирање: 31.10.2013

Рецензент: Светлана Јовановска

Вистинитост: Текстот е метеролошки билтен и е вистинит. Но, тврдењето дадено во насловот не се потврдува во текстот.

Извори на информации: Изворот на информации е специјализираниот портал за временска прогноза Weather4All.

Квалитет на насловот: “Може да го заборавиме снегот – метеоролозите предвидуваат “вечна” пролет во Македонија” е насловот на текстот. По читањето на овој наслов читателот очекува дека текстот дава научна потврда за климатски промени, кои можат да донесат затоплување на времето што може да донесе клима која ќе биде топла и која може да се спореди со вечна пролет. Наместо тоа, во текстот наидуваме на нормален метеоролошки билтен кој, навистина ветува убаво време, но само во кус период, онолку колку што метеролошката наука може да предвидува.

ФотографијаИ фотографијата не му одговара на насловот, бидејќи на неа се гледа пејасаж со многу сиви облаци што не е е каракеристично за убаво време и вечна пролет. 

Заклучок: Заклучокот не наведува на тоа дека станува збор за непрофесионален наслов кој го води читателот во погрешна насока. Насловот му ветува на читателот „вечна пролет“. По ваков наслов очекувањата се дека ќе видиме текст кој ни дава серија податоци за климатските промени и објаснување за топлиот месец октомври кој во Македонија го имавме и дали тој може да се повтори во наредните години. Наместо тоа, во текстот нема ниту една реченица од оваа природа и текстот се сведува на нормална метеоролошка прогноза во која непотишаниот автор не се потрудил му даде повеќе свежина на билтенот на метеролозите.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција