Рецензија: На Ѓорче Петров, на Скопје, на Македонија им се доста трагични бркотници

Gorce-Petrov-Republika-09876-009988-crop-resize

Деновите за време на случувањата во Ѓорче Петров се изнапишаа многу текстови, при што некои од нив имаа намера да ги напаѓаат опонентите, пред сѐ, политички, дека тие се виновни за немилите случувања. Е, ова е баш таков текст, кој наликува на коментар, наликува на колумна (иако според новинарски правила не се тоа), но се ставени во рубрика Македонија. Затоа и денеска е тука на рецензија.

Gorce PetrovЛинк до оригиналниот напис: На Ѓорче Петров, на Скопје, на Македонија им се доста трагични бркотници

Датум и време на објавување: 22.05.2014, 14:50

Датум на рецензирање: 24.05.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КАША-ПОПАРА

Во целата оваа каша-попара од текст нема факти и нема ништо за тоа што и како конкретно се случило во Ѓорче Петров. Веднаш уште во лидот се влегло со напади и конструкции без барем да се даде два збора некаков вовед во нештата. Вака, ако некој прв пат слуша за настаните нема да знае за што се зборува. Од друга страна, пак, текстот е објавен во рубриката Македонија, па како да станува збор за грешка, затоа што целосно е коментаторски текст, а не е издвоен во посебна рубрика.

Нема извори на инфорација, туку напаѓање кон некоја политичка партија која во текстот е земена како виновна за случувањата. Притоа, не се водело сметка за речникот, туку како да се бирале што посилни зборови, кои и онака ја вжештуваат напнатата состојба на теренот.

Нема содржина затоа што нема ниту почеток, ниту средина, ниту крај. Туку, како во еден здив да се исплукува една партија и текстот завршува. Како поплава – ја има додека ја има и после ја снемува одеднаш. Така и текстот се плука од почеток до крај, но кога ќе го завршите како да не постоел.

 

ХУШКАЧКИ ТЕКСТ

Пристрасноста се гледа од далеку. Како да е ПР текст на некоја партија, а не новинарски производ.

Има коментирање  речиси во целиот текст, интегрирано, без да се назначи дека е коментар.

Текстот е оригинал, но никаде не стои потпис. Тоа што збунува кај овој коментаторски текст е што не е потпишана ниту редакцијата.

Насловот збунува и ги засилува страстите. Фотографијата е од самиот настан, иако е избрана лоша фотографија за овој текст. Затоа, што како велат, една ластовичка не носи пролет.

Многу хушкачки текст, кој кога е објавен сѐ уште состојбата беше кревка. Затоа, треба многу да се внимава при вакви текстови. Но, ете, тука не било тоа случај. Затоа, честа за ваков текст останува само на редакцијата.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција