Рецензија: Најголемата тајна на светот: НАТО не влезе во Ирак за нафта туку поради временската капија

FireShot-Screen-Capture-027-Најголемата-тајна-во-светот-I-Press24-pres-crop-resize

Древните цивилизации Асирија и Сумерија, вгнездени на деловите од територија на денешен Ирак, со векови привлекуваат внимание на научниците и археолозите, но и на луѓето со бујна фантазија, кои од она што науката до денес не го објаснила прават разни сценарија и кои се на границата меѓу реалното и научната фантастика.

Таквите соджини се секогаш интересни и за медиумите, особено ако новинарот знае својата фантазија да ја смести во актуелниот миг и да ѝ даде мистериозна димензија. Рецензираме поднаслов на еден таков текст кој е преземен од порталот во соседството, „Највеќа тајна на свету“ и без почитување на било какви новинарски стандарди при неговата обработка преточен во сензационална „вест“ дека: „НАТО не влезе во Ирак за нафта, туку поради временската капија“.

FireShot Screen Capture #027 - 'Најголемата тајна во светот_ НАТО не влезе во Ирак за нафтата туку поради временската капија I Press24' - presЛинк до оригиналниот напис: Најголемата тајна на светот: НАТО не влезе во Ирак за нафта туку поради временската капија

Датум и време на објавување: 15.09.2014, 15:24

Датум на рецензирање: 17.09.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ОЦЕНКА НА ЧИТАТЕЛИТЕ

Читателите во своите коментари оваа вест ја оцениле како производ на дрога и психотропна супстанца. Еве и зошто.

Целата вест има само три неповрзани реченици срочени во осум реда во кои оддалеку се гледа дека од некаде се преземени и преведени без амбиција да се објасни за што, всушност, се работи. Насловот е сензационален и нејасен. Читателите во најмала рака треба да се од НАСА за да разберат за каква „временска капија“ се работи. Во научно-фантастичната литература овој термин секогаш се употребува под наводници како што тоа е направено и во оргиналниот текст преземен од порталот во соседната држава.

 

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Импровизирањето, манипулацијата и вознемирувањето на читателите продолжува понатаму со констатација:

„Контрола на Ѕвездената капија ќе им овозможи на тајните владини организацијии да ја диктираат светската трансформација која на земјата е пренесена преку вонземјанска технологија“.

Ако идејата била од трите поднаслови во оригиналниот текст, кој целата тајна на Сумерската цивилизација ја објаснил на седум страници, да се направи домашна вест, требало да се повика на изворот и да се задоволат барем основните критериуми за оваа новинарска форма.

Според методологијата која ја користиме при рецензирање информација што нема извор, веднаш се буди сомнеж во вистинитоста без оглед дали се работи за податоците кои можат да се сместат во доменот на научна фантастика:

„Што се однесува до Садам Хусеин, контролата над временската капија му дозволила да ја активира и да го оставри пророчанството“ .

 

СОДРЖИНА БЕЗ ЛОГИКА

Без логична поврзаност на меѓусебните реченици во целиот текст, овој новинарски производ не може да се оцени никако како содржаен, што се гледа и од последната реченица, која со претходната содржина нема никаква врска: „Непријателските тајни владини организациии се обидуваат да ја земат под контрола древната вонземјанска технологија“.

Тешко дека од оваа „содржина“ може до крај да се разбере што сакал пистелот да каже.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција