Рецензија: Народот одлучува какви дела остават зад себе Груевски и Заев

FireShot-Screen-Capture-133-kurir_mk_makedonija_ve-crop-resize

Текстот кој го рецензираме, покрај нарушување на многу одредби на домашните и меѓународните  кодекси и стандарди, не направил разграничување меѓу рекламирањето и новинарски текст со илустрација, што е спротивно на членот 6 од Кодексот на новинарите на Македонија.

FireShot Screen Capture #133 - 'Народот одлучува какви дела оставаат зад себе Груевски и Заев' - kurir_mk_makedonija_veЛинк до оригиналниот напис: Народот одлучува какви дела остават зад себе Груевски и Заев

Датум и време на објавување: 21.04.2014, 12:54

Датум на рецензирање: 22.04.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

САМОУКИНУВАЊЕ НА НОВИНАРСТВОТО

Ова е еклатантен пример и илустрација на сепоприсутна тенденција на самоукинување на новинарството во македонската  професионална пракса и поставување на медиумот исклучиво во  ПР функција на партискиот интерес. Така што, сите елелменти на овој текст предизвикуваат ефект  на „партиско гласило“.

…„Зад Груевски стојат 550 милиони евра субвенции кои завршија кај македонските земјоделци и нови 600 милиони кои се ветуваат за идниот мандат… повлечени се 1.871 милијарди евра странски директни инвестиции, двојно повеќе од сите предходни влади на СДСМ“… …„силна поддршка ВМРО-ДПМНЕ и Груевски добиваат од угледни меѓународни политичари“…

Немаме намера со оваа рецензија да изрекуваме некаква етичка санкција, бидејќи на сите ни е позната економската зависност на медиумите од политичките центри на моќ. Но, кога авторот веќе се „срамел“ или немал „храброст“ да го стави својот потпис под текстот, најчесно ќе било и кон читателите и кон професијата, под него или под билбордите кои ги закачил како илустрација, да стои „платена политичка програма“.

 

ГОВОРЕН АВТОМАТ

Отворено се повикува на идеолошко-партиска нетолеранција. Се конструира негативна рамка за лидерот на опозицијата и опозициската партија, нескриено лоцирајќи ја и вината за состојбата кај политичкиот противник што произведува негативна слика за целата група.

…„Зад Заев е и багажот на скандалозни тендери кои како градоначалник ги доделувал на своето потесно и пошироко семејство, аферата Глобал за што беше амнестиран од Бранко Црвенковски. Актуелното раководство на СДСМ… не кажува ниту збор на своите  јавни настапи“…

Медиумот конструира дискурс во кој ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се претставуваат како контрасти и се создава негативна стереотипизација и ефект на мобилизација на граѓаните во полза на едната страна.

„Додека главниот акцент на Груевски е токму економијата, кај СДСМ се забележува и извесна апатичност,

…„Силна поддршка ВМРО-ДПМНЕ и Груевски добиваат од угледни меѓународни политичари“

… СДСМ е во изолација речиси потполно исклучена од меѓународни политички кругови“

Ова не е говор на интервјуираниот соговорник, туку на самиот медиум и тој се повтрорува низ целиот прилог.

 

ПРЕКРШУВАЊЕ НА СТАНДАРДИ, СТАНДАРДИ, СТАНДАРДИ…

Прилогот е  со нагласено, тенденциозно известување при што се прекршени основните стандарди на новинарската професија. Недостасува професионална  дистанца, има некритичка трансмисија на партиски дискурс. Статијата е во целосна спротивност со  принципите на новинарството и го претовора медиумот во партиска платформа, суспендирајќи го притоа новинарскиот зафат во неа.

Повредени се многу домашни и меѓународни кодекси на новинарите:

Кодексот на принципите на Меѓународната федерација на новинарите за однесување на новинарите за време на избори вели дека:

„Медиумите за време на изборната кампања треба да обезбедат отвореност кон различни политички мислења и гледишта , непристрасно известување за политички партии и актери, несмеат да изразуваат гледишта за или против некоја  политичка партија, ниту да се јавуваат како застапници на конкретни политички гледишта во актуелна политичка дебата“.

Иницијатива за етичко новинарство на Меѓународната федерција на новинарите вели:

„Новинарите треба да избегнуваат надворешни интереси и поврзувања кои можат да им наштетат на нивната репутација на непристрасност, правичност и интегритет“…

Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 6

Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарски текст со илустрација.

 

Член 14

Известување од политичките процеси, посебно од  изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

 

Член 17

Новинарот   има право да одбие работна задача, доколку е во спротивност со принципите на Кодексот.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција