Рецензија: Пендаровски не се изјасни, кој е неговиот став за името?

pendarovski-za-imeto-crop-resize

Пред нас имаме текст кој не може да се стави во ниту еден новинарски жанр. Не  е ниту, вест, ниту коментар, ниту колумна, а уште помалку анализа. Иако текстот сака да излгуми некој цврст факт дека тоа навистина е така, не нуди никакви аргументи, барем не релевантни. Освен ако се земат за релевантни муабетите на пазар или оговарањата со соседката на кафе. Ова е текст кој од прв до последен збор е коментирање. Ама толку се „заборавило“ со коментирањете што не се пазело дури ниту на граматиката и синтаксата. Како и да е, сепак, тоа е помалото зло, поголемото зло во текстот е што е целиот нерелевантен, невалиден, неточен и е класичен спин.

pendarovski za imetoЛинк до оригиналниот напис: Пендаровски не се изјасни, кој е неговиот став за името?

Датум и време на објавување: 09.04.2014, 17:47

Датум на рецензирање: 10.04.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

МАТЕРИЈАЛНИ ДОКАЗИ ЗА СПИН

Чудно е колку може една изјава толку да се испреврти за да го достигне својот максимум во овој текст. Од една изјава дадена за друг медиум текстот на широко нуди „аргументи“ дека посочениот лик во приказната го кажал токму спротивното. Каква махинација е тоа за да можеш да го доведеш текстот до овој степен. Просто не е за верување, но има материјални докази дека тоа, еве, е можно. И што да се каже за тоа дали е вистина или не. Уште од првата реченица до последната сѐ е спин.

Извори на информација се некои поранешни изјави кои се извадени од контекст и воопшто немаат врска со последните случувања околу оваа тема. Но, тоа „вешто“ се вади од контекст и се лепи во „новонастанатата вистина“ на која ѝ се додаваат уште некои епитети како „сигурно“, „најверојатно“ и слично, кои, демек, треба да го зацрвстат текстот како еден валиден примерок објавен во медиум.

 

СПЛЕСКАН ВО СПЕЦИЈАЛНИ УСЛОВИ

Нема содржина никаква, и најверојатно да не беше изборна кампања овој текст немаше ниту да го има. Вакви текстови имаат слава само пет минути. За време на избори и толку.

Целиот текст е политички пристрасен. Без ниту малку „почит“ кон оние за кои е наменет. Притоа не се побарало ниту изјава од оној кој е нападнат, па барем малку текстот да изглуми дека ја има и другата страна.

Целиот текст е коментирање. Можеби, ако постои посебна рубрика коментари, па тука и до некаде би можел да се смести.

Текстот е оргинал редакциски, иако не е потпишан од никого. Но, се гледа дека е „сплескан во специјални услови“.

Насловот демек прашува, ама пред прашањето го дава и демек одговорот. Чуден некој наслов.

Фотографија има колку за илустрација, ништо посебно не открива.

Многу е тешко нешто да се заклучи за ваков текст, а секој збор да не биде пристрасен, навредлив, спин, лажен и слично. Затоа и може да се опише само со такви зборови.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција