Рецензија: Повлекувањето на раководството на СДСМ од соочување го изреволтира членството

FireShot-Screen-Capture-129-Повлекувањето-на-раководството-на-СДСМ-crop-resize

Рецензираме текст во кој има сé што не би требало да има. Отворено навивање и заземање страна на една политичка опција, сатанизација и дискредитација на политичкиот противник и насилничко наметнување став кој граѓаните треба да го следат при донесување одлука за кого да гласат.

FireShot Screen Capture #129 - 'Повлекувањето на раководството на СДСМ од соочување го изреволтира членството I Сител ТелевЛинк до оригиналниот напис: Повлекувањето на раководството на СДСМ од соочување го изреволтира членството

Датум и време на објавување: 1.04.2014, 18:24

Датум на рецензирање: 4.04.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ВИСТИНАТА ВО „КОРПА ЗА ОДПАТОЦИ“

Можеме едноставно да заклучиме дека информацијата, која им е упатена на граѓаните, не е објективна, а нејзината вистинитост е под сериозен знак на прашање. А вистинитоста и објективност се главни постулати на содржината на новинарскиот произвиод и на новинарската професија. Зошто вистинитоста ја доведуваме во прашање? Затоа што нема извор на информации, се повикува на „високи партиски извори“… „наши информации“… „членството смета“…

Имаме препознатливо изразена промоција само на едни политички ставови, а сé што прават другите политички партии се оценува како негативно и ништожно.

На граѓаните им се пласираат приказните за премиер „сезнајко“, „супермен“, „мултипрактик“, кој однапред  не само што ги знае изборните резултати, туку го знае и ставот на партиската база на политичкиот противник кој е идентичен со неговиот и поради таквата политика

– …„народот ќе ги казни“ 

– … „СДСМ да биде казнет од народот поради вакви политики очекува и премиерот Груевски“ 

– …„Тие му сугерирале на раководството дека поминало времето кога не биле потребни изборите за да се дојде на власт, а истиот став го делат и во ВМРО-ДПМНЕ“…

Со написот се влегува во опасни и недозволени води да не го штити јавниот интерес на граѓаните, туку им сугерира оти мора да ги исполнат очекувањата на премиерот, односно да ги следат неговите инструкции и да го казант политчкиот противник. Преведено, тоа значи дека народот треба да го ислучи мозокот и да ги следи инструкциите на премиерот: …„СДСМ да биде казнет од народот очекува премиерот Груевски“….

 

ОПОЗИЦИЈАТА ДА СЕ „РАСПНЕ НА КРСТ“

Наместо да се фокусираат на правите проблеми на граѓаните на Македонија, се запнува со пласирање невистини и собирање на ефтини изборни поени да се „распне на крост“ политичкиот противник на владеачката гарнитура, при што не само што се повредуваат домашните и меѓународните кодекси и норми на новинарското однесување, туку се навредува и здравиот разум на граѓаните: „Тие му сугерирале на раководствто…. а истиот став го делат и во ВМРО-ДПМНЕ“. Може ли некој со здрав разум да поверува во ова ?

 

КОЈ КОГО ВЛЕЧЕ ЗА НОС ?

Низ целиот текст доминира интенција да се докаже само својата вистина, која е завиткана во „список на желби на владеачката партија“:

– … „Владее вистински хаос во опозицијата“. Сите кадри на опиозицијата побарале Заев да ги повлече од изборниот процес бидејќи несе подготвени за извесниот пораз“

– …„Бранот на разочарување кај партиско членство  добил  огромни размери“

– … „Играчите не сакаат да трчаат по пехар без капитенот“ 

– … „кукавички чин, алиби за пораз, неискрена игра, Ова се главните забелешки кои базата му ги префрлила “…

Се поставува едно прагматично прашање, кој кого тука го влече за нос?

Ако би ги сублимирале најважните одредби на сите најрелевантни домашни и меѓународни кодекси на однесување на новинарите заклучокот би бил следен:  професионален новинар не смее да биде ни во служба на власта, ни во служба на опозицијата. Мора да биде објективен кога известува за фактите или кога ги коментира.

Вистината и точното изнесување на фактите  мора да биде професионално и компетентно, а не да зависи од политичката ориентација на новинарот или од  нарачателот. Професионалноста мора да биде далеку пред  политичкото определување на новинарот или медиумот и да биде на врвот на приоритетите во новинарската професија. Посебно за време на изборите, не смеат да се изразуваат гледишта за или против некоја политичка партија, ниту медиумите да се јавуваат како застапници на конкретни политички гледишта.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција