Рецензија: Повторно активна сектата „Црна Ружа“- се самоуби студентка

05152014-Denesen-Crna-Ruza-crop-resize

Сосема е можно некоја појава во заедницата да предизвикува загриженост, па дури и да биде вознемирувачка и предупредувачка. Медиумите треба со прст да покажат на таквите појави, но нивните медиумски производи на овие теми мора да бидат аргументирани и докажливи во однос на појавите кои можат да бидат загрижувачки. Уште повеќе текстовите на овие теми не смеат да сејат дополнителен страв и несигурност заради тоа што се несеопфатно елаборирани сите елементи кои една ваква новинарска прикзана ќе ја направат конструктивна, а не сензационалистички продукт кој си игра со стравовите на луѓето.

05152014-Denesen-Crna-Ruza-Линк до оригиналниот напис: Повторно активна сектата „Црна Ружа“- се самоуби студентка

Датум и време на објавување: 14.05.2014, 13:18

Датум на рецензирање: 19.05.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Освен фактот дека една студентка во Белград се самоубила, нема ниту еден аргумент кој ќе потврди дека таа била член на некојаси секта „Црна ружа“. Освен – црниот конец во раката. Во текстот нема ниту еден извор, или познавач, кој ќе потврди дека црниот конец е индикативен елемент во наводните самоубиства на припадниците на оваа секта.

Најбесмислениот и воедно најопасен „податок“ во овој текст е повикувањето на „одредени истражувања“ за причините за самоубиствата кај младите и заклучокот дека сектата за која пишува медиумот го користи тоа за да ги „потпалува“ младите на тоа.

Кога станува збор за вакви застрашувачки „податоци“ не може да помине „одредени“. Тоа е многу несериозно и опасно. Вакви тврдења мора да бидат поткрепени со изворот на овие „податоци“ , ако се воопшто работи за реални истражувања.

Потоа, линијата на приказната се префрла во Македонија за да сее непоткрепени податоци и митови за постапките на оваа секта и за тоа како ги избираат своите жртви, во кои градови се најактивни… Ништо од тоа не е потврдено од релевантен извор, познавач, институцција…

И на крајот, кога ги спомнавме институциите, зар не мислите дека доколку бројката што ја спомнува текстот, од 200 илјади до 350 илјади членови на оваа секта, не би било сигнал надлежните министерства да реагираат, ако веќе оваа секта има такви карактеристики.

Нема ништо од тоа. Има само уште еден текст кој смета на кликови заради поигрувањето со стравовите на својата публика.

SOS_linija_3136-400

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција