Рецензија: Пукна тиквата од „бомбата“ на СДСМ

Пукна тиквата од „бомбата“ на СДСМ Република Online-crop-resize

Вест: „Основен облик на новинарско изразување, жанр што во себе донесува некоја новост, новина и најчесто останува на неа“;

Извештај: „Извештајот произлегува од настан и го следи текот на настанот, ги донесува основните конститутивни елементи, компоненти што даденото збиднување го чиант податливо и заслужно за новинарско тертирање“;

Коментар: „Коментарот претставува жанр во кој низ аналитичко согледување се вреднува определен настан, проблем, факт со нагласено авторско промислување, ангажирано толкување и понудување решение преку згуснато кажување“.

„Новинарски жанрови“

Откако ова ќе се прочита, се поставува прашањето што, всушност, претставува конкретниот материјал: вест, извештај, коментар, или пак агитпропско медиумско изразување кое има многу малку заедничко со вистинско новинарство. Анализата покажува дека е најблиску до ова последното. 

Пукна тиквата од „бомбата“ на СДСМ Република OnlineЛинк до оригиналниот напис: Пукна тиквата од „бомбата“ на СДСМ

Датум и време на објавување: 13.09.2014, 09:31

Датум на рецензирање: 14.09.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ИЗМЕСТЕНА ФОРМА, СЛАБА СОДРЖИНА

Вест не е, извештај уште помалку, ако е коментар тогаш зошто тоа јасно не е наведено?! Толку околу формата, а сега повеќе за содржината. Има елементи кои „кокетираат“ со вистината, но не се и нејзин целосен одраз. Да, точно е дека опозицијата мина и сѐ уште минува низ многу премрежија, реструктуирања и рекомпонирања, но не сѐ е така како што ни е напишано во овој производ. Повторно се спинува делот со сведочењето на т.н. газда Нини и повторно ќе напоменеме дека ако веќе се зборува дека опозицијата не сакала тој да застане да сведочи, не може, а да не се спомене дека претходно било побарано, а судот одбил да се појави и другиот лик во телефонскиот разговор со Нини. Тој факт некако се губи во приказните слични на оваа. Потоа се носи конечен суд за вината на опозицискиот лидер и невиноста на премиерот, иако за процесот има првостепена, но не и правосилна одлука. Понатаму, се сака да се докаже дека првиот човек на СДСМ е оставен сам, дека го заборавила неговата заменичка, дека го напуштил и кандидатот на последните претседателски избори, ама кога малку ќе се истражи лесно се утврдува дека тоа не е баш така – луѓето си се активни и присутни во опозицискиот табор. Исклучително проблематичен аспект секако е и тезата дека аферите кои СДСМ ги отворал и следствено на тоа судскиот процес е, како што се вели, „прелистување на катастрофалниот резултат на изборите“, која е непоткрепена и едноставно нафрлена, бидејќи опозицијата ги отвораше овие прашања во текот на изборниот процес пред и да бидат објавени резултатите од гласањето. Просто кажано нема аргументи, туку само коментари.

 

ПАПАЗЈАНИЈА СО ПАРТИСКА ТЕЖИНА

Нејаснотијата за каква форма на „новинарско“ изразување станува збор се рефлектира и врз сегментот извори на информации, бидејќи овој материјал не е поддржан со какви било прецизирани изјави, цитати, соговорници итн. Тоа секако е недозовливо ако станува збор за извештај или анализа, можеби би „поминал“ ако е некаков си осврт, но АКО е така тогаш тоа мора да ѝ биде соопштено на јавноста, бидејќи, да повториме, сите новинарските жанрови имаат свои одлики, особености и критериуми кои МОРААТ да бидат задоволени. Бидејќи тоа не е исполнето, имаме ваква папазјанија од содржина која, според начинот на кој е конципирана, воопшто нема намера да ја информира публиката, или, пак, да даде продлабочен преглед на опозициските состојби, туку целта е да напаѓа и да задава удари кои се во доменот на активности на политичките партии, а не на кредибилните новинарски текстови. Оттука, не треба да се има дилеми дека квалитетот на текстот е супституиран со висок степен на пристрасност, која измешана со неточни наводи, резултира со силна миризба на политичка, а не новинарска мотивација.

Целиот напис е конструиран како обоен коментар, нешто што, ПАК да кажеме, не е наведено. Примери:

„На За­ев и се­га си­те му се ви­нов­ни. Та­ка ка­ко што си­те му беа ви­нов­ни за из­бор­ни­от по­раз. Но, ту­ка не е пра­ша­ње­то са­мо за ли­це­то Зо­ран За­ев;

…Од­не­су­ва­ње­то на За­ев се­га, за вре­ме на су­де­ње­то, ко­га по­втор­но се оби­де со ма­ни­пу­ла­ции да ја трг­не дам­ка­та од се­бе и ви­на­та ја ба­ра­ше кај дру­ги­те са­мо до­ка­жу­ва де­ка на таа пар­ти­ја ме­сто­то уште дол­го ѝ е во „сен­ка“.

Не може толку да се крши Кодексот на новинари колку што можеме да апелираме на негова доследна примена:

„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот„ – член 13 од Кодексот на новинари.

Понуденово изгледа на оригинал „силно“ напишан, ама „машки“ непотпишан. Зошто? Честа е појавата на безимени проблематични текстови во одредени домашни медиуми. Поточно, плева е од такви написи насловени со „бомби“ и разни „тикви“, а овој содржи и „бомби“ и „тикви“. Како беше онаа народната: „Не сади тикви со…

Или како што рекол Марк Твен: „Лагата може да пропатува половина свет, додека вистината сѐ уште си ги облекува чевлите“.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција