Рецензија: Русинките повеќе нема да можат да носат гаќички од чипка

gakicki-rusija-zabrana-crop-resize

Овој текст неумесно ја искривува вистината. Во најголем дел тоа го прави насловот, но и понатаму текстот оди во тој правец. Имено, не се работи за тоа дека Русинките нема повеќе да носат гаќички од чипка, туку дека Русија забранува увоз на синтетика. Едно со друго нема врска, но, се разбира, насловот е тука да привлече повеќе читатели.

gakickiЛинк до оригиналниот напис: Русинките повеќе нема да можат да носат гаќички од чипка

Датум и време на објавување: 28.06.2014, 19:58

Датум на рецензирање: 30.06.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ТЕМА ОД ЖОЛТ ПЕЧАТ

Иако наизглед темата е бенигна, или, пак, така е претставена (инаку, се работи за сериозен закон кој опфаќа повеќе држави), не смее да се заборави вистинитоста. Тука толку е извртена вистината што дури темата добила и нов лик. Па, од сериозно четиво за закон и за штетноста на синтетиката, станала тема од жолтиот печат.

Нема извори на информација, најверојатно се работи за превод од странски текст, но нема наведено од кој.

Темава во други околности заслужува внимание. Инаку, во текстот е добро обработена „вистинската“ тема, а запазени се и стандардите. Убаво е објаснето од кога и за каков закон се работи, како и последиците и санкциите од него.

Нема пристрасност, само претпоставувам, се сакало да се привлече малку повеќе внимание.

 

ИЗВРТЕНА ВИСТИНА

Нема коментирање, туку пренесена вест-информација.

Не може да се утврди дали текстот е оргинален или е преземен од друг македонски медиум. До завршувањето на рецензијата не сретнавме друг ваков или сличен текст.

Насловот е изнасилен што, всушност, и го донесе текстот за рецензија. Изнасилена и невистинита е тезата пласирана во него.

Фотографијата, исто така, е посебна приказна. Обично порталите имаат навика ако станува збор за некоја тема за гаќички, на пример, да стават и гаќички на фотографија. Иако темата е за закон и за реперкусии.

Недозволиво е да се пласира една тема на ваков начин. Посебно што со тоа се извртува вистината. Ја разбирам потребата да се привлечат повеќе читатели посебно во лето, кога и онака посетата на порталите е намалена. Но, сепак, треба да се запазат правилата посебно од медиум кој досега важел за еден од најкоректните во таа смисла.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција