Рецензија: САД се тргна настрана – спорот за името оставен на Скопје и Атина

FireShot-Screen-Capture-062-САД-се-тргна-настрана-спорот-за-името-оставен-на-Ск-crop-resize

Според најавата во насловот, централната тема со која се занимава медиумот би требалo да биде позицијата на САД во спорот за името помеѓу Македонија и Грција. Читателот очекува од информацијата да дознае дали САД навистина се тргаат настрана од спорот за името и има ли некое објаснување за ваквата одлука. За жал, не може да дознае ништо и збунет е дали САД навистина се повлекуваат од овој спор или остануваат да го поддржуваат процесот.

FireShot Screen Capture #062 - 'САД се тргна настрана - спорот за името оставен на СкЛинк до оригиналниот напис: САД се тргна настрана – спорот за името оставен на Скопје и Атина

Датум и време на објавување: 14.11.2-13 9:22

Датум на рецензирање: 18.11.2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Од фактите наведени во информацијата не може да се утврди што е вистината. Во лидот, ударната вест е дека македонско-грчкиот спор за името нема да биде во фокус на американската дипломатија, ниту во мандатот на новиот помошник државен секретар за Европа Викторија Нуланд. Медимот соопштува:

„Во вчерашното претстaвување на своите приоритети македонско-грчкиот спор за името нема да биде во фокус“…

Како информацијата се развива понатаму, во следниот пасус од истата информација имаме изјава на Викторија Нуланд која соопштува:

…„Секако ќе продолжиме да го поддржуваме процесот на Нимиц, да навиваме за решение, но само вие можете да донесете соодветна одлука, изјави Нуланд“.

Во габаритен текст од шеесетина реда само волку е посветено на темата која е најавена во насловот. Новинарот понатаму многу повеќе се занимава со грчко-кипарскиот проблем, Босна, односите помеѓу Србија и Косово, Украина, Блискиот Исток… Читателот останува сиромашен за информацијата која ја очекува и збунет што во неа е вистина.

Извори на информации:
Нема извор на информација, освен што во една реченица вели:

„Во својот говор пред собраните дипломати и експерти во Атлантскиот Совет на САД Нуланд зборуваше“…

Веруваме дека Нуланд зборувала, но како медиумот дошол до таа информација, дали е преземена од друг медиум, можеби авторот бил на средбата со дипломати и експерти во Атлантскиот  совет на САД. Ништо не знаеме.

Содржајност: Ја немаме основната содржина која е најавена во насловот. Односот на САД према спорот за името и дали оваа најмоќна држава на светот навистина се повлекува од ангажман за неговото решавање. Од две контрадикторни констатации: „Македонско-грчкиот спор нема да биде во фокус на американската дипломатија“… и „Секако ќе продолжиме да го поддржуваме процесот, да навиваме за решение“ не може да разберете што сакал писателот да соопшти. Во продолжението на текстот нема образложение ни за првата, ни за втората констатација.

Во понатамошниот текст медиумот се занимава со други неvралгични точки на Балканот, со проблемите на Кипар, односите Србија-Косовo, Турција… Македонија повеќе не се споменува. Читателот останува во дилема дали САД се тргнаа настрана од спорот меѓу Македонија и Грција, или тој и понатаму останува во фокусot со оглед дека во првиот дел од информацијата на читателите им се соопштува дека  Нуланд, сепак, зборувала и за Македонија. 

Квалитет на насловот: Насловот е предолг и во форма на сензационална вест. Во текстот нема доволно елементи од кои би можел да се извлече ваков наслов. Првиот дел од насловот е лажен, не знаеме дали САД навистина се тргнале настрана, а вториот дел од насловот на сите им е познат како констатција – дека спорот секако треба да си го решат Скопје и Атина, тука нема ништо ново.

Фотографија: Ако текстот е извештај од „вчерашниот говор“ на Викторија Нуланд во Атлантскиот совет на САД, каде Нуланд зборувала  за повеќе спорови, очекувано би било да ја видиме фотографијата од тој собир. Фотографијата само со глава на новиот помошник државен секретар за Европа не ја доловува атмосферата која ја опишува медиумот.

Заклучок: Во последните денови сѐ повеќе се зборува за ангажманот на ЕУ во решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, па авторот на текстот како да сакал сам да ги елиминира САД од спорот. Тоа не го потврдил со факти. Немаме извор на информации и не знаеме што точно зборувала Нуланд пред дипломатите и експертите во  Атлантскиот совет на САД.

Во овој случај зборуваме за информација-извештај, а не за вест. Ако според дефиниција вест само нешто јавува, а извештајот опишува некаков тек на расправата, или резултати од средбата, ние во овој извештај од говорот на Нуланд во Атланскиот совет ја немаме есенцијалната иннформација, каде е Македонија. Во извештајот од тој собир, новинарот не направил селекција, не го одвоил она што е битно од она што не е битно за Македонија и за читателите. Најголемиот дел од текстот се однесува на ангажманот на Нуланд во решавање на проблемите во Босна, Косово, Србија, Украина…, а немаме образложение за Македонија, иако таа како „проблем“ се појавува и во насловот и во воведот на извештајот.

Новинарот не се придржувал до основниот принцип на Кодексот на новинарите на Македонија – член 1:

„Точноста на информацијата треба се провери колку што е тоа можно.“

Не е испочитуван ни членот 4 од Кодексот:

„Новинарот ќе го назначи изворот на информациите.“ 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција