Рецензија: Саше Политико ги изнесува валканите работи на СДСМ

kurir_mk_makedonija_vesti_137253-Sase-Politiko-gi-iznesuva-valkanite-raboti-na-SDSM1-crop-resize

Веста со наслов „Саше Политико ги изнесува валканите работи на СДСМ“ просто зрачи од задоволство дека, наводно, се случува некаква поделеност во најголемата опозициска партија. Текстот, практично, се потпира само на пишувањата на друг портал:

„Во најновата колумна на Саше Политико повторно на тапет е уредникот на Плусинфо и Слободен печат, Бранко Героски, но овој пат се спомнуваат и некои колумнисти за Плусинфо. Во своите претходни колумни Политико остро се спротистави на некои новинари и функционери на СДСМ, а во критиките на Политико место си најде и Ивор Мицковски, колумнист на Плусинфо кој Саше Политико милува да го вика “татино синче”“.

И потоа врз основа на непроверени информации се прави една тенденциозна проценка за односите во СДСМ.

FireShot Screen Capture #078 - 'Саше Политико ги изнесува валканите работи на СДСМ' - kurir_mk_makedonija_vesti_137253-Sase-Politiko-gi-iznesuva-valkanite-raboti-na-SDSMЛинк до оригиналниот напис: Саше Политико ги изнесува валканите работи на СДСМ

Датум и време на објавување: 13.11.2013, 15:13

Датум на рецензирање: 16.11.2013

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Овој напис не нуди ниту еден аргумент во прилог на тврдењата дека има „војна меѓу порталите кои се поддржувачи на политиките на СДСМ“ и дека кај социјалдемократите „постои огромна нетрпеливост и поделеност“. Во материјалот на кој се темели веста е изнесена една субјективна перцепција ( и тоа на личност која не е член на партијата), што не може да биде „крунски доказ“ за наводната атмосфера на разединетост во СДСМ.

Извори на информации: Наместо изјави од луѓето кои се споменуваат во веста или од  членови на оваа партија, се цитира фрагмент од колумна. Сепак, ова четиво не претставува кредибилен извор за некакви бранувања во СДСМ.  За да се тврди дека се случуваат поделби  во опозициката партија,  таквото расположение треба  да го детектираат еминетни партиски претставници.

Содржајност: Написот е целосно едностран. Вистинскиот мотив за пишување на овој текст е да се прикаже опозицијата во  лошо светло.

Пристрасност: Според  манирот во кој е напишана и пласирана веста, вклучително и насловот, силно провејува наклонетост кон владејачјата партија.

 Коментирање: Целата вест е проткаена со забележлива сеирџиска интонација и завршува со коментаторски спин.

 „Очигледно дека оваа медиумска војна што се води помеѓу порталите кои се поддржувачи на политиките на СДСМ нема намера да запре. Јавноста се повеќе има можност преку овие колумни да сфати дека во СДСМ постои огромна нетрпеливост и поделеност.“

Оригиналност/Плагијат: Веста е редакциска, конструирана наменски врз основа на напис објавен на друг сајт.

Квалитет на насловот: Насловот веднаш паѓа в очи, настојува да создаде впечаток за раскарани страни во СДСМ

Фотографија: Веста е илустрирана со фотографија на која се прикажани пратеничката Наташа Савова и Ивор Мицковски во една опуштена атмосфера, а празните чаши на масата треба да го засилат негативниот ефект врз читателите. Фотографијата е без авторски потпис, најверојатно симната од нивните приватни албуми на Фејсбук и со очигледна намера да ги дискретитира.

Говор на омраза: Веста добива наврдлив тон со самото пренесување  на делот од текстот  што содржи приземен, недоличен говор.

Заклучок: На читателите им е понуден еден лош новинарски производ, кој ја манипулира јавноста со произволни толкувања. Впечаток е дека порталот воопшто и немал намера да открие какво е навистина расположението во СДСМ.  Наводите изнесени во колумната  на која се повикува неименуваниот автор на веста, очигледно биле доволно атрактивна провокација и повод за да се ликува. Почнувајќи од насловот, главата на веста, па се до последниот ред, јасно се препознава тенденцијата да се насочи јавното милсење да верува дека во најголемата опозициска партија нема единство, туку „врие“ од кавги.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција