Рецензија: Се зголемува бројот на украдени артефакти во Музејот на Македонија

Rritet-numri-i-artefakteve-të-vjedhura-nga-Muzeun-e-Maqedonisë-crop-resize

Напис со наслов кој дезинформира и кој воопшто не соодветствува со содржината на текстот. Тоа што се наведува во насловот останува само да се претпостави понатаму. Никаде не се споменува дека е зголемен бројот на украдени артефакти. Во информацијата од полицијата само се наведува вкупниот број на украдени артефакти во одреден период, исто така не спомнувајќи дека има зголемување.

Rritet numri i artefakteve të vjedhura nga Muzeun e MaqedonisëЛинк до оригиналниот напис:  Се зголемува бројот на украдени артефакти во Музејот на Македонија (Преводот на веста на македонски јазик можете да го најдете овде.)

Датум и време на објавување: 19.11.2013

Датум на рецензија: 03.12.2013

Рецензент: Гент Мехмети

Вистинитост: Проблемот со вистинитоста е проблем со насловот. Она што се тврди во него со ништо не е поткрепено во текстот.

Извори на информации: Авторот вели дека една од информациите е добиена од полициски извори, меѓутоа не нуди подетални информации за овој извор. Не е пренесена изјава што би ги потврдила констатациите на авторот.

Содржајност: Написот се состои од само две реченици, кои не се доволни да се разбере нешто повеќе. Содржината е претерано редуцирана и не успева да понуди релевантни податоци кои што се однесуваат на темата.

Оригиналност/Плагијат: Напис кој не е многу оригинален и тоа токму заради неговата претерано кратка содржина. Тој само пренесува една единствена анонимна изјава. Во текстот не е направен обид да се понудат подетални информации.

Квалитет на насловот: Насловот не соодветствува со содржината. Во насловот се вели дека во Македонија зе забележува зголемување на бројот на украдени артефакти, а во текстот се наведува само вкупниот број на таквите кражби, без да се наведе временскиот период, местото, итн. Општо земено, несоодветен и сензационалистички наслов.

Фотографија: На фотографијата се прикажани неколку артефакти, наредени на една маса. Меѓутоа, нема конкретни показатели дека тие се украдени артефакти, а уште помалку дека бројот на украдените артефакти е зголемен.

Заклучок: Се работи за неумешен обид за да се направи вест од една стара и неактуелна информација. Непрофесионалниот пристап кон информацијата се забележува во начинот на кој авторот ја обработил веста.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција