Рецензија: Спремете се за жешко време и големо невреме

sky_mk_makedonija_417860-spremete-se-za-zheshko-vreme-i-golemo-nevreme-crop-resize

Кога ќе се прочита насловот на веста: „Спремете се за жешко време и големо невреме“, се добива впечаток како да доаѓа кој знае каква временска непогода. Алудира на тоа дека да ќе се случи нагла промена на времето. Па одеднаш, од нигде никаде, од пеколни горештини ќе настане  некакво страшно невреме. Можеби бура! И фотографијата со која се илустрирани овие неколку реда „најавува“ такво нешто. Сепак, нема место за паника.  Внтаре во веста може да се види дека е во прашање временска прогноза за уште еден  вообичаен топол јулски ден.

sky_mk_makedonija_417860-spremete-se-za-zheshko-vreme-i-golemo-nevremeЛинк до оригиналниот напис: Спремете се за жешко време и големо невреме

Датум и време на објавување: 07.07.2014, 09:04

Датум на рецензирање: 10.07.2014

Рецензент:  Оливера Војновска

 

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Всушност, станува збор за сосема куса вест која се обидува да информира какво време  ги очекува граѓаните. Но, тоа го прави на погрешен начин. Па, наместо  најобична техничка информација за временската прогноза, фактички, преку насловот се пласира невистинита информација дека ќе се случи „големо невреме“.

Во веста не е посочен  ниту изворот на информации. Не е наведено дали  тие се добиени од Управата за хидрометеоролошки (УХМР). Иако, според терминологијата во  материјалот,  веројатно, тој  е симнат од сајтот на УХМР и објавен  без никаква дополнителна доработка.

Самата вест остава впечаток дека е скудна. Во материјалот што го рецензираме е наведено дека  дневната температура ќе се движи од 27 до 35 степени Целзиусови и дека во Скопје ќе има „слично време со температура до 33 степени“. Меѓутоа, не се посочува каде ќе биде измерена најниската, а каде највисоката температура.

Во втората реченица, пак, само се кажува  дека:

„Попладне е можна појава на изолирана нестабилност“.

Но, не споменува конкретно за каква нестабилност станува збор.  Дали, можеби, одеднаш ќе заврне и ќе има силен  дожд.

Така што, од содржинскиот дел на веста  никако не може да се заклучи дека ќе има „големо невреме“,  каква што е  формулацијата употребена во насоловот.  Кој е најпроблематичен елемент во веста. Тој е збунувачки, дезинформира, има драматичен призвук и сосема непотребно  ги алармира граѓаните да се подготват! А всушност  целосно виси. Делува дури комично, па наиде и на потсмев на социјалните мрежи.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција