Рецензија: Стејт департмент: Македонија генерално ги почитува верските права и слободи

FireShot-Screen-Capture-282-МРТ-www_mrt_com_mk_node_12191-crop-resize

Прилогот насловен:Стејт департмент: Македонија генерално ги почитува верските права и слободи“, само површно се осврнува на Извештајот за верските слободи во светот во минатата година, во делот за Македонија. Овој скуден материјал спакуван во четири реченици не ја пренесува главната поента од Извештајот: „дека во Македонија се политизираат религијата и верските прашања“. Се добива впечаток како прилогот да е направен колку за да помине редот. Но, ваквиот начин на пласирање и обработка на текстот не е поради незнаење или неискство, туку сосема е извесно дека Извештајот намерно добил таков третман.

FireShot Screen Capture #282 - 'МРТ' - www_mrt_com_mk_node_12191Линк до оригиналниот напис: Стејт департмент: Македонија генерално ги почитува верските права и слободи

Датум и време на објавување: 29.07.2014, 11:42

Датум на рецензирање: 29.07.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ И МАРГИНАЛИЗАЦИЈА НА КРИТИКИТЕ

Прилогот се повикува на  официјален документ, меѓутоа податоците ги прикажува на еден исклучително селективен начин. Имено, оваа куса информација целосно ги игнорира сериозните критики упатени на адреса на власта, поточно на владејачката партија од македонскиот блок:

… владејачката коалиција во која доминира македонска партија со православна ориентација ја политизира верата за нејзини сопствени политички цели, повикувајќи се на верските уверувања и идентитетот на мнозинството во земјата и со помош на МПЦ.

Исто така, во неа нема ниту збор за тоа дека:

Етничките тензии негативно се одразуваат врз верските слободи. Политизацијата на верските прашања е во пораст и има негативен ефект врз верската толеранција во земјата.

Стејт департментот нотира дека имало извештаи за социјални злоупотреби и дискриминација врз основа на верска определба, вера или практика.

Членовите на Православната Охридска архиепископија, која има околу 100 членови, но е признаена од Српската православна црква како единствена легитимна автономна црква во Македонија, тврдат дека се изложени на медиумски напади и набљудување од страна на владата, поради нивното одбивање да ја прифатат независноста на МПЦ-ОА од СПЦ.

Некои во муслиманската заедница тврдат дека и ИВЗ профитира од блиските врски со владата.

Во прилогот не се споменува ништо за тоа  дека во извештајот на Стејт департментот е нотиран спорот на Бектешката заедница на Македонија против Исламската верска заедница, околу Арабати Баба Теќе во Тетово,  а притоа се оценува дека тоа што Бектешката заедница сѐ уште нема признат статус во Македонија ја оневозможува во водењето на спорот за Теќето.

Наспроти ваквите согледувања  во годишниот извештај, текстот што го рецензираме само бегло ги споменува забелешките за МПЦ и ИВЗ и со насловот испраќа порака како во документот на Стејт департментот да не се забележани проблематични аспекти на верските права и слободи. Што прилично јасно укажува на која страна натежнува  прилогот.

Со премолчувањето и  маргинализација  на суштинските забелешки, на јавноста ѝ се ускратува можноста да биде објективно информирана. Истовремено, направена е и сериозна повреда на новинарскиот Кодекс , при што се прекршени  преамбулата каде е  нагласено дека  „основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината“, како и првиот амандман, каде, меѓу другото, е посочено и дека „новинарот нема да прикрива суштински податоци.“

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција