Рецензија: Светот внимава на парите, Македонија на ставовите за спорот

Светот внимава на парите Македонија на ставовите за спорот Нова Македонија-crop-resize

 

Ако до изборите во Грција во неделата главно прашање за новинарските анализи беше колкава ќе биде победата на СИРИЗА, од денес, овој понеделник, главна тема е како оваа левичарска партија ќе ја консумира власта. Што да направи новинарската аналитика во сабота наутро, кога излегуваат викенд-изданијата? За овој текст е одлучено да се направи паралелизам кај клучните политички понуди за читателот, да се воочат разликите меѓу партиите и лидерите и тоа да не биде здодевно, туку да претставува можност за брзо осознавање на материјата, заедно со лесната прегледност.

Светот внимава на парите Македонија на ставовите за спорот Нова МакедонијаЛинк до оригиналниот напис:
Светот внимава на парите, Македонија на ставовите за спорот

Датум и време на објавување: 24.01.2015

Датум на рецензирање: 26.01.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Она во што сите се согласуваат е дека овие избори претставуваат судир меѓу двајца политичари, спротивни на многу начини, Самарас и Ципрас, а на него се гледа и како на борба меѓу старото и новото. Во тие насоки се одвива и предизборната кампања, во која Самарас се залага за зачувување на актуелната економска и надворешнополитичка стабилност, додека Ципрас е претставен како револуционер што ќе внесе многу промени. Разликите меѓу нив се протегаат од потеклото, преку поддршката дома и од надвор, идеите за излез од економската криза, сѐ до позициите околу надворешнополитичките прашања, вклучувајќи го и спорот за името со Република Македонија. Секако, тие разлики не се со еднаков интензитет на сите теми.“

Она што го прави овој прилог за да го прикаже тој паралелен слалом меѓу двата клучни политичари во мигот во Грција – Ципрас, кој треба да го оформи кабинетот и Самарас, кој веројатно ќе се замине од политичката сцена – е користење модерни визуелни форшпани.

За нас е пријатно изненадување што прилогот го има оној ретко виден и умерен цинизам во однос на нашата „опседнатост“ со името, јасно порачувајќи, уште од насловот, дека светот се тресе што со нивните пари, оставени во Атина за надминување на кризата – за што Унијата навистина вложи многу и очекува некој да ја спроведува во тоа име програмата, додека ние го гледаме политичкиот дуел низ нашиот билатерален аспект, кој како тема на овие избори е маргинален!

Тоа е еден од манирите кои овојпат треба да се поздрави бидејќи покажува дека независното истражување не оди по патеките по кои газеле нашите истакнати „мастодонти“ од редот на оние „името не го даваме“, бидејќи, колку ние тоа го признаваме или не, овие избори треба да се гледаат со очилата на неизбежноста на промената.

Прилог кој треба да се издвои.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција