Рецензија: Тајванците пак пробуваат да ги признаеме. Нуделе многу инвестиции?!

Тајванците пак пробуваат да ги признаеме Нуделе многу инвестиции-crop-resize

 

Ставањето на прашалник и извичник на крајот од насловот го доведува читателот во мисла дали напишаното во текстот има основа или не. Текстот не е поткрепен со конкретни изјави и со извори и создава погрешна слика во јавноста дека Владата има намера да ги наруши политичките и економските односи со НР Кина за сметка на наводното повторно признавање на Република Тајван, грешка од минатото за која државата и ден-денеска плаќа пенали.

Тајванците пак пробуваат да ги признаеме Нуделе многу инвестицииНаслов на анализираниот напис: Тајванците пак пробуваат да ги признаеме. Нуделе многу инвестиции?!

Датум и време на објавување: 26.11.2014, 22:33

Датум на рецензирање: 01.12.2014

Рецензент: Ана Анастасовска

Во текстот се наведува дека министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во Брисел се фалел дека Тајванците сè уште биле заинтересирани да инвестираат во Македонија, но под услов нашата држава повторно да ги признае. Ова беше случај во 1999 година, кога тогашните коалициски партнери, Васил Тупурковски и Љубчо Георгиевски го признаа Тајван, но подоцна беше повлечен актот на признавање, поради што парите од тајванските кредити сега се враќаат од државниот буџет. Во текстот не е наведено јасно и прецизно кога и со кого Попоски се сретнал во Брисел и кому раскажувал за заинтересираноста на Тајванците.

Не е наведен ниту еден конкретен, туку само анонимен извор.

„Неодамна на средба со дипломати во Брисел, во неформален разговор, нашиот министер за надворешни работи Никола Попоски, како што тврди нашиот извор, им се пофалил дека Тајванците покажале голем интерес и конкретни проекти за инвестирање во Македонија. Тој наводно им открил дека единствен услов им било да го признаеме Тајван.“

Tекстот е пристрасен политички и не е содржаен. Нема детали за настанот, туку само нафрлени моменти.

Целта на непотпишаниот автор на овој текст, очигледно, е да се дискредитира министерот за надворешни работи, Никола Попоски, укажувајќи на тоа дека бил млад и не бил запознаен со политиките на државата во минатото, конкретно со иницијативата на тогашниот лидер на Демократската алтернатива, Васил Тупурковски, во врска со тајванските кредити. При тоа, се користат анонимни дипломати кои го изведуваат ваквиот заклучок.

„Дипломатите на кои им го кажувал тоа останале збунети дали бидејќи е млад шефот на македонската дипломатија не знае за неуспешната тајванска авантура на Тупурковски и ветената милијарда, со еден услов, да ги признаеме. Ваквото „откритие“ на македонскиот шеф на дипломатијата на средбата во Брисел ги ставила во недоумица, до толку ли новиот министер не е запознат со гафот на тогашната влада на Георгиевски.“

Со текстот се сака да се создаде погрешна слика во јавноста, наметнувајќи ја идејата дека Владата има намера да ги наруши политичките и економските односи со НР Кина, на сметка на наводното повторно признавање на Република Тајван.

„… и можно ли е Македонија повторно да се втурне во авантура, во трка за инвестиции уште еднаш да го признае Тајван.“

Текстот не е целосно вистинит и е едностран, имајќи предвид дека во него на ниту едно место нема изјава од министерот за надворешни работи, Никола Попоски, ниту пак од Владата, со која би се утврдила точноста на информацијата.

Текстот е оригинално дело, но авторот е анонимен. Насловот е тенденциозен и, како и самиот текст, има намера да создаде погрешна слика во јавноста – дека Владата планира повторно признавање на Тајван.

Без присуството на конкретен извор и на информација со кого министерот зборувал за Тајван и дали навистина изнел такви наводи, се потврдува дека текстот има цел да манипулира со јавноста и да создаде погрешна слика, преку политичка тенденциозност, дека Владата во иднина би можела повторно да се впушти во „тајванска авантура“.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција