Рецензија: Топ 10 „главите„ на албанската мафија

Top-10-kokat-e-mafies-shqiptare-crop-rsize

Уште на самиот почеток, написот создава илузија за бомбастичен наслов. Со претерана помпезност се обработуваат информации што се однесуваат на „албанското подземје“. Меѓутоа, се забележува апсолутниот недостиг на факти што би ги поткрекпиле наводите од написот. Наведувањето на имињата на десет лица за кои се вели дека се длабоко навлезени во светот на албанскиот криминал, не е проследено со ниту еден извор кои што би ја потврдил веродостојноста на информацијата. Квази биографиите кои што се дадени после имињата, во повеќето случаи се некомплетни, не наведувајќи ниту основни информации за конкретното лице. Сето ова постепено го оддалечува текстот од фактите и го приближува кон сензационализмот и клеветите. Воведната реченица дури носи и елементи на етикетирање на еден народ како носител на криминалитетот, со што се приближува до говорот на омраза.

Top 10  kokat  e mafies shqiptareЛинк до оригиналниот напис: Топ 10 „главите“ на албанската мафија

Датум и време на објавувањето: 25.11.2013

Датум и време на рецензијата: 28.11.2013

Рецензент: Гент Мехмети

Веродостојност: Веродостојноста на информациите што се пласирани во овој напис, на ниеден начин не можат да се проверат врз основа на тоа што е напишано. Дури, еден дел од информациите се толку апсурдни, што автоматски треба да се игнорираат и да се сметаат за невистинити. Написот што е објавен во рубриката на вести од регионот, повеќе наликува на информација од рубриката за забава или некој прилог од жолтиот печат, со многу малку напори да им се даде легитимитет на пласираните податоци.

Извори на информации: Евидентно е непостоењето на никакви извори. Не само што информациите не го почитуваат принципот на користење на два извори, туку се ставени како измислици кои не успеваат ниту еднаш да се повикаат на фактички показатели.

Содржајност: Со оглед на гореспоменатите аномалии, овој напис не успева да се наметне како вистински содржаен текст, бидејќи е осакатен и некомплетен. За еден голем број на лица кои се наведени во написот, кои што во контекст на насловот се етикетираат како „глави на албанското подземје“, не се обезбедени ниту најосновните информации. Нивните биографии се илустрирани со банални и хипеболизирани оценки, како „најопасен во земјата“, итн.

Пристрасност: Иако написот  во неколку наврати се обидува да етикетира цела една етничка група како главен актер во светот на криминалот, не постојат јасни показатели дека ова се прави со намера за пристрасност кон некоја друга етничка група. Ова, првично заради тоа што, во овој текст не постои некоја друга етничка група.

Коментирање: Главата на веста е блатантно коментирање. Таму јасно се придава контекстот што го посакува авторот на текстот. Коментарот воопшто не е издвоен од останатиот дел на текстот и е објавен како дел од написот.

Оригиналност/Плагијат: Овие информации се наоѓаат во голем број блогови и „open-source„ енциклопедии на интернет. Како такви, тие може да се променат и да се ажурираат од сите луѓе кои што имаат пристап до интернет. Но, не наведувајќи го авторството, написот се соочува со плагијат.

Квалитет на насловот:  Сензационалистички наслов кој што не е базиран врз ништо. Навестува сензационалистичка содржина на написот.

Фотографија: Тука е објавена фотографија на една личност приведена од агентите на ФБИ. Под фотографијата нема соодветна легенда која што би ја објаснила содржината. Како таква, таа создава конфузија кај читателот, кој што не се информира што точно опишува тоа.

Говор на омраза: Во еден дел од овој текст се вели дека Албанците од различни територии сочинуваат едни од најопасните мафијапки групи во светот. Иако таквата констатација била присатна во медиумите и порано, сепак, се кршат нормите на коректност, кога таквата информација ќе се пласира како вистинита и придружува текст кој што не е заснован на факти. Затоа, ова води кон сомнеж дека имплицитно е инфилтриран говорот на омраза.

Заклучок: Овој напис е добар пример за вест кој што не се придржува до правилата на професијата. Со недостаток на извори и со редица коментари, тој е поблиску до сензационализам одколку до вистинско известување.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција