Рецензија: Урнат споменикот на стреланите скопјани

dnevnik_mk_default_asp_ItemIDBB441C1DF832584285B731-crop-resize

Репортажа како новинарска форма, според дефиниција, претставува највисок домет во новинарството, во која автор, низ автентичниот, сопствен креативен агол, ја посматра и прикажува  конкретната ситуација.
Пред нас имаме занаетски одлично изработена репортажа на општествена тема. Авторот укажува на проблемот, предупредува, покажува, пренесува порака и се бори за јасно поставената цел. „Потомците немат каде да го одбележат убиството на предците“, „Урнат е споменикот на стреланите скопјани“, „во општината не знаат кој го сторил ова“. Од само три реченици, кои се меѓусебно поврзани, ја имаме приказната. Браво!

Погоден е и мигот кога е објавена сторијата, воочи одбележувањето на денот на ослободување на Скопје 13 ноември.

FireShot Screen Capture #055 - 'Урнат споменикот на стреланите скопјани' - www_dnevnik_mk_default_asp_ItemID=BB441C1DF832584285B73Линк до оригиналниот напис: Потомците нема каде да го одбележат убиството на предците

Датум и време на објавување: 11.11.2013 09:44

Датум на рецензирање: 14.11.2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Сите факти и констатации на авторот, поврзани со проблемот кој на репортерски начин го отвора, се точни и потврдени со многу изјави на референтни соговорници. Не постои никаков сомнеж во вистнитоста на приказната.

Извори на информации: Авторот трагал, се обратил до надлежните институции, консултирал повеќе релевантни извори, разговарал со експерти, пронашол сведоци поврзани со темата која ја истражувал.

Содржајност: Во класичен лид кој претставува вовед во репортажата, авторот на  јасен и читлив начин го објаснува проблемот. Читателот кој во моментот нема време да ја прочита целата репортажа, или тоа го остава за подоцна, добива јасна и прецизна слика за проблемот со кој се занимава новинарот. Како читателот навлегува подлабоко во содржината на текстот, тој открива интересни детали поврзани со целиот настан. Текстот има и добар историски беграунд со што ни ја открива заднината на целата приказна. Вешто го одбрал и погодил актуелниот моменткога да ја истражи и да ја пласира приказната – воочи одбележувањето на празникот 13 Ноември, Денот на ослободување на Град Скопје, со што ја зголемил и актуелноста.  

Оригиналност/Плагијат: Текстот е оригинално авторско дело и плод на истражувачка работа.

Квалитет на насловот: Насловот е краток, прецизен и јасен и потполно е во склад со текстот над кој е ставен. Привлекува внимание и го воведува читателот во приказната која следи. Одлично комуницира со наднасловот кој ја најавува темата на прилогот.

Фотографија: фоторепортерот, уредникот на фотографија, или новинарот требало малку повеќе да се потрудат околу фотографијата, со што би можеле да кажеме дека пред себе имаме одлично опремен текст (наднаслов, наслов, фотографија). На фотографијата и недостасува живот, на неа нема луѓе, делува вкочането и неподвижно што не е одлика на новинарска фотографија – вака повеќе лични на разгледница. Ѝ недостасува легенда и потпис на авторот.

Заклучок: Авторот почувствувал новинарски порив да направи прилог воочи одбележувањето на Денот на ослободување на Град Скопје, но истовремено да излезе од стереотипите на вообичаените свечености и да отвори сериозен општествен проблем на нашиот однос кон блиското минато и антифашистичката војна. Со оваа репортажа во тоа успеал. Почнува со класичен лид кој е во форма на вест и каде се дадени одговорите на пет основни прашања кои го сочинуваат новинарскиот текст. Понатаму ја развива приказната со сите факти што се случувало со споменико. Барајќи одговор на поставеното прашање, авторот истражува на сите нивоа, од локалната самоуправа до Владата, од првото до последното градежно претпријатие кое вршело интервенција на овој простор. Читателот текстот го доживува со сите сетила, се враќа во времето и случувањата поради кои споменикот бил изграден. Успешно го пронаоѓа синот на еден од стреланите на ова место, низ чија автентична приказна како на филмско платно ги доживуваме последните моменти на фашистичката окупација, пред градот да биде конечно ослободен. Убавината на целата репортажа лежи и во успешен обид авторот да нѐ натера да ја прочитаме до последната точка. До потпис на авторот.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција