Рецензија: ВИДЕО: Обид за убиство во Куманово пред камерата на Сител

sitel-09876-09809-crop-resize

Ова е текст кој манипулира уште од насловот. За работата да биде уште пострашна, подолу во текстот е објаснето од каде е снимката, но насловот е тој што ја прави целата забуна. Инаку, се работи за извештај од билтен од МВР, а за овој настан подоцна, како што тврди медиумот, добиле и снимка и тоа од куќата која е во близина каде што се случило дејството. Но, тоа во ниту еден случај не е камерата на телевизијата, како што се тврди во написот.

sitelЛинк: ВИДЕО: Обид за убиство во Куманово пред камерата на Сител

Датум и време на објавување: 30.10.2014, 21:41

Датум на рецензирање: 03.10.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ОД КАДЕ Е СНИМКАТА?

Во насловот се тврди дека се работи за обид за убиство кое се случило пред камерите на телевизијата. Сепак, текстот подоцна објаснува дека снимката дошла до нивниот медиум и тоа од куќа во близина на настанот:

„Денеска до Сител беше доставено видео кое што е снимено од камера поставена на куќа веднаш до местото на настанот, без дополнителен кометар во врска со тоа како се случил настанот.“

Притоа, не може со сигурност да се каже дали навистина оваа снимка дошла директно кај телевизијата, зошто во следниот пасус е наведено дека:

„Истата снимка е доставена и до полицијата и до Основно јавно обвинителство во Куманово, пишува Сител.“

Можеби се работи за снимка која ја набавило Министерството за внатрешни работи, која подоцна дошла и до телевизијата. Инаку, не може со сигурност да се утврди кој е изворот.

Ова е текст кој во поголем дел е коректен, односно се работи за билтен од МВР. Тоа што не е во ред со стандардите е насловот, кој е манипулација. Во новинарски производ, насловот мора точно да ја преслика ситуацијата, а не да манипулира со гледачите или со читателите.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција