Рецензија: За Советот на Европа поважни се правата на хомосексуалците, отколку правата на Христијаните

Пренесен Фејсбук статус со коментар на политичар, лажно претставен како факт.

Рецензија: За Советот на Европа поважни се правата на хомосексуалците, отколку правата на ХристијанитеЛинк до оригиналниот напис: За Советот на Европа поважни се правата на хомосексуалците, отколку правата на Христијаните

Датум и време на објавување: 28.06.2013, 13:50

Датум на рецензирање: 30.06.2013

Рецензент: Соња Здравеска

Вистинитост: Текстот се темели врз фејсбук статус, во кој што е изнесено мислењето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Спасеновски во врска со расправата во Советот на Европа за прашањата на хомосексуалноста.

Извори на информации: Единствен извор користен во написот е пратеникот Спасеновски, односно неговиот фејсбук статус.

Содржајност: Авторот носи сериозен заклучок потпирајќи се исклучиво врз коментарот на пратеникот. Информацијата која е содржана во статусот не е проверена и разработена, што значи дека написот селективно ја претставува ситуацијата.

Пристрасност: Текстот е типичен пример за едностран напис. Мислењето на пратеникот некритички се зема како вистина, без да се провери информацијата и да се обезбедат ставовите на другите засегнати страни. Текстот уште во насловот прозива и обвинува европска институција, без да го претстави официјалниот став на таа институција за конкретното прашање.

Коментирање: Во написот не коментира новинарот, туку пратеникот чија изјава се пренесува. Новинарот недозволено го претставува мислењето на политичар како утврден факт, што е очигледен пример за манипулација со читателите.

Плагијат: Се работи за оригинално дело, но авторот не е наведен.

Квалитет на насловот: Главниот проблем на овој напис е насловот, во кој се изрекува сериозно обвинување и се поставува дискриминирачка теза за противречност меѓу „правата на хомосексуалците“ и „правата на христијаните“.

Насловот е сензационален, додека во исто време дезинформира и во „завиена“ форма повикува на нетрпеливост кон Советот на Европа како институција, но и против хомосексуалците. Содржината на текстот не е соодветна на насловот.

Фотографија: Фотографијата со која е илустриран текстот е скриншот од фејсбук статусот на пратеникот Спасеновски.

Говор на омраза: Самиот став на пратеникот е навредлив и дискриминирачки, а авторот тоа дополнително го акцентира, со претставувањето на мислењето на еден политичар како факт.

Заклучок: Пренесувањето информации, ставови и мислења на официјални и неофицијални извори искажани во коментари на социјалните мрежи во последните години стана редовна новинарска пракса. Иако е легитимно да се пренесе мислењето на еден политичар искажано на Фејсбук, тоа не смее еднострано да се претставува како утврден факт, особено ако искажаното содржи обвинувања и дискриминирачки елементи.

Рецензија: За Советот на Европа поважни се правата на хомосексуалците, отколку правата на Христијаните

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција